Кафе муабет
Стигна приновата: Петар Грашо стана татко, се породи Хана- на ќерката и дадоа модерно и уникатно име
Новиот член пристигна во семејството...
Хана Хулиќ вчера пристигнала во родилиштето во Сплит, таа се породила попладнето со царски рез. Крајниот термин за породување беше 23 јули.
Двојката се венча на 19 февруари оваа година во Сплит, а нивната љубов стана позната во октомври 2020 година, не долго откако пејачот ја раскина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.
Претходно во медиумите беше објавено дека брачната двојка веќе избрала име за девојчето и дека ќе се вика Алба.
Грашо никогаш не сакал да го изнесува својот приватен живот во јавноста, а неодамна призна дека оваа медиумска популарност не му се допаѓа откако се дозна дека е во врска со Хана.
-Јас и Хана си го живееме животот пристојно, приватните детали не ги споделуваме со јавноста и тоа веројатно уште повеќе ги интригира медиумите кои бараат сензации. Нам ни е смешно како всушност станавме медиумска мета, а не кренавме прст за тоа. Најмногу не насмеа веста дека станавме хрватски „Меган и Хари“ – изјави Грашо.
– Секогаш ми беше важно да не ги замарам луѓето со неважни ситници и музиката да биде единственото нешто што ги интересира поврзано со мене, а и Хана е слична личност. И покрај тоа, ние сме во сосема спротивни ситуации. Медиумите се тука да пишуваат, ние сме тука да живееме и тоа е круг кој постојано се врти – изјави претходно Петар Грашо за хрватските медиуми.
На роденденската прослава на Нина Бадриќ, Петар Грашо проговори за новата животна улога која го очекува.
– Мислам дека човек станува свесен за се дури кога ќе го земе тоа мало суштеството во свои раце. Но, еве, накратко ќе кажам – среќни, подготвени, чекаме, објасни видно возбудениот Грашо, кој го очекува своето прво дете со Хана Хулиќ.
Како што претходно објавија медиумите ќеркичката требаше да дојде на свет на 23 јули, а токму на тој ден, Петар немаше да биде во болница.
Многумина беа изненадени што пејачот тој ден нема да биде со Хана. Сепак, Хана не ја коментираше негативно оваа ситуација.
– Секој слободен момент го поминува со нас, изјави тогаш Хана за Стори.