Новости

СТАТУС НА ЕДНА ОЧАЈНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА: Јас сум Сандра, тажна сум и моментално сакам да се откажам од мојата професија

Ситуацијата во Хрватска излегува од контрола

Револтирана медицинска сестра го крена гласот поради недисциплината и непочитувањето на мерките.
;

 

Таа на својот Фејсбук напиша статус со кој ги прекорува сите оние кои излегоа на протести во Хрватска  поради незадоволството од поригорозните мерки.

Имено во Хрватска пред два дена се случуваше хаос, бидејќи граѓаните се незадоволни од работата на Националниот штаб за цивилна заштита и протестираа против новите донесени мерки.

Protest, Foto: Printscreen:twitter

Демонстрантите го започнаа протестот на плоштадот Крал Томислав, и продолжија кон плоштадот Бан Јелачиќ, а медицинската сестра Сандра, која го гледала сето тоа напиша шокантен статус кој се шири на социјалните мрежи.

foto https://varazdinski.net.hr/

 

“Многу сум тажна, од тоа колку многу луѓе не ги почитуваат своите сограѓани и напорите на нас медицинските лица. Денес се вратив дома околу 12 часот на полноќ. Ние сме медицински лица, кои им помагаме на сите цела ноќ, се осигуруваме дека сомнителните случаи на Ковид-19 се изолирани, работиме со заштитна опрема што не задушува”.

 

Згора на се останувам како презентер по реанимацијата која започнува во 6 и 30 часот и започнувам со пишување извештаи и табели за позитивни пациенти, ги испраќам до епидемиолози, тие испраќаат по е-пошта барајќи некои информации што не ми се познати.

Со последни сили, изморена се враќам дома, ги будам на телефон луѓето кои заспале затоа што цела ноќ беа на нозе за да ме упатат и да се сетам точно на кое растојание беа поставени пациентите за набудување, бидејќи асимптоматски позитивен пациент „успеа некако да се лизне“ меѓу другите. Тоа ме удри по нос, се брзав да помогнам на пациент чие срце застанува , заборавив да ставам визир и поради тоа ме испратија во самоизолација, а замислете тие се таму на Плоштадот, наредени како сардини, без маска и никому ништо.

 

 

Тажна сум и моментално сакам да се откажам од мојата професија, иако ја сакам најмногу во светот и ја работам пожртвувано веќе 28 години.

Да се ​​свртам и да одам некаде каде што нема луѓе, и јас ги сакам луѓето, го сакам животот и ја сакам слободата пред сè. Овие луѓе на Плоштадот протестираат и велат дека им е одземена слободата и не размислуваат дека им ја одземаат на нашите родители, имунокомпромитирани пријатели, некој што го сакаме и кој сеуште може да живее, Со години “, стои во статусот.

 

Најтешкиот период допрва доаѓа

Пред извесно време истакнатиот хрватски научник Иван Ѓикиќ од Универзитетот Гете во Франкфурт, истакна дека најтешкиот период од коронавирус допрва доаѓа а според него тоа ќе биде периодот од декември 2020 година до март 2021 година, а тој посочува дека ситуацијата во Хрватска е крајно сериозна.

foto jutarnji.hr/

p;

Според податоците што се јавно достапни (број на заразени, хоспитализирани, сериозно болни, на респиратор и за жал 794 смр тни случаи) се аларм за експертите и јавно повикуваат на поголема сериозност од страна на властите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close