Кафе муабет
Статус кој ја потресе цела Македонија: ВНУК МИ ГО СЕДНАЛЕ ВО УЧИЛИШТЕ ДО ПРОВИНЦИЈАЛЕЦ ПА МИ КАЖА ,,ДЕК СИ МА ТЕТО’’…
Нека се спреми учителката за сериозен разговор...
Граѓани од метрополата или стари скопјани наспроти провицијалци е вечната и болна тема која секогаш со себе повлекува расправии и тензии.
Фото/Принтскрин
Ако прошетате низ Скопје, веројатно најмалку ќе слушнете скопски дијалект, а за литературен македонски и да не зборуваме. И нормално скопјаните (од кои повеќето имаат потекло од некој друг град, што нивните родители се доселени во Скопје,) ќе кажат: „Аман од овие провинцијалците! Сè ни окупираа – факултетите, работните места, кај и да се свртиш само провинцијалци.
Фото/Принтскрин
Некои скопјани велат: „Провинцијалците доаѓаат тука и го уништуваат пазарот на труд со тоа што се нафаќаат да работат за мизерна плата од 18.000 илјади, иако за истото работно место платата можеби изнесува 27.000 денари.
Фото/Принтскрин
Од друга страна, некои други луѓе од Скопје (секоја чест на исклучоците) најчесто коментираат дека Скопје е убав град и дека провинцијалците ја валкаат метрополата, ги крадат работните места и уште многу други работи.
Фото/Принтскрин
Еден таков коментар се провлече и на Твитер, каде извесна тетка на првоодделенец пишува:
,,Внук ми (7) прваче, вчера во школо го седнале до некое девојче од јужна Македонија. Го зимам денес и во сред школски двор ми се дере: ,,Дек си ма тето?!’’
Нека се спреми утре учителката за сериозен разговор со мене, ако треба и директорката ќе биде вмешана.’’
Фото/Принтскрин
Вака гласи твитот, а дел од коментарите под него се да го отпишат детето или да ги преместат децата од провинција во последна клупа.
Па, што мислите вие за ваквите коментари?