Новости
СРУШЕНИ ДОМОВИ И ТАЖНИ ЛИЦА: Фотографии од Хрватска кои ќе ве расплачат- вака изгледа Петриња по земјотресот!
Хрватска беше погодена од серија земјотреси!
Целиот регион сочувствува со Хрватска, која беше погодена од серија земјотреси.
Вчера во 12:19 часот по локално време, беше регистриран земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала во регионот на Сисак, Хрватска.
Земјотресот беше почувствуван во Австрија, Унгарија, како и во регионот – Србија, БиХ, Словенија, Северна Македонија.
Инаку овој земјотрес следуваше, еден ден по земјотресот од 5 степени според Рихтеровата скала во областа Петриња, и не однесе ниту еден човечки живот, но за жал по вчерашниот земјотрес има и жртви и повредени.
Овој земјотрес е најсилниот земјотрес што ја погоди Хрватска оваа година
Луѓето во Петриња се извлекуваа од урнатините.
Градоначалникот Даринко Думбовиќ вчера соопшти тажна вест, дека најмладата жртва е 12-годишно девојче.
– Извлековме мало дете од четири години, градот беше уништен, веќе не е можно да се живее во него. Катастрофа, мајки кои плачат за своите деца, не знам што ми е во една градинка, што во друга. Сопругата ми се јавува, нешто и падна на главата. Ни треба помош, потребни ни се итни служби – извика тој, пренесува Индекс.хр.
Динко Радушевиќ 40 минути се обидувал да го спаси 12 годишното девојче од под урнатините, но за жал не успеал.
“Ова падна врз неа, овој дел од куќата, ја реанимирав повеќе од 40 минути. Немаше Брза помош, некој ќе ми одговара за тоа дете, верувајте ми. Ја познавав, верувајте ми дека некој ќе одговара. По 40 минути дојде Брза помош. Девојчето го славеше својот роденден пред пет дена “. И ставив бројаница околу вратот. Се грижев за неа, додека и мојата ќерка беше под урнатините. Ова е тежок ден, тежок ден”, рекол тој.
Од рушевините беа извлечени татко и дете и веднаш со возило на Итна помош беа пренесени во болница.
Spašavanje nakon zemljotresa u Hrvatskoj uživo na N1 pic.twitter.com/rySAmPs72U
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) December 29, 2020
Спасувачката екипа успеа да извлече жена која беше потрупана во градската администрација по силниот земјотрес. Од силината на ударот, се урна дел од покривот на таа зграда во центарот, како и бројни sидови.
Колку што беше висока вратата од канцеларијата, толку многу тули и бетон имаше внатре. Копавме четири часа за да ја извадиме, рече Златко Пјеќ, командант на Новата противпожарна бригада во Новска.
Вработената останала сама во просторијата на вториот кат.
– Кога започна да се тресе, некако успеала да се заштити со канцеларискиот стол и тоа ја спасило. Таа беше намирисана од кучиња трагачи, некако успеавме да комуницираме со неа. Тогаш започна тешкиот дел, копавме, за да ја спасиме- рече Пјеќ.
Зградите во центарот на Петриња беа скоро целосно уништени.
Македонец ја нуди својата куќа во Скопје за погодените од земјотресот во Хрватска
Денис Синед од Македонија е човекот кој реши да помогне за настраданите во земјотресот. Тој ја нуди својата куќа во Скопје на 6 месеци за погодените во земјотресот а при тоа вели дека ќе го плати и патот да стигнат до тука.
„Ја нудам својата куќа во Скопје (Македонија) за 8 лица до 6 месеци (предност имаат луѓе со мали деца), исто така подготвен сум и да го платам патот до Македонија. Кога бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска ми помогна многу, не можам да го заборавам тоа до крајот на животот. Бог нека биде со вас браќа и сестри мои, нека ме контактираат во порака оние кои се заинтересирани. Нашите мисли се со вас, поздрав од Македонија“, напиша Денис Синед.