Новости
Српска докторка открива како го победила корона вирусот- ова е нејзиниот Рецепт!
И беа потребни седум недели за целосно да се опорави
Од март годинава светот се соочува со пандемијата на коронавирус. Секојдневно расте бројот на заболени и на смртни случаи, а сега д-р Даница Грујичиќ која е директорка на Институтот за онкологија и радиологија,вели дека коронавирусот е биолошко оружје што предизвикува системски заболувања на целиот организам, бидејќи покрај белите дробови, тој ги напаѓа централниот нервен систем, бубрезите, мозокот…
Таа и самата беше заболена од Ковид-19 но за среќа како што истакна имала поблага слика и не многу тешки симптоми.
Според неа најдобро нешто што може да стори соседна Србија е државата да ја прифати руската понуда за нивната земја да произведе вакцина „Спутник“ во Институтот „Торлак“, со што ќе се намали отпорот кон имунизација на населението.
Докторката, опиша како го поминала вирусот, но сепак останува на својот став дека тој е биолошко opужје.
Открива кои лекови ги пиела и кои се најделотворни…
„Имав треска, болка во мускулите и веднаш знаев дека е КОВИД-19, што беше потврдено со тестирање. Немав симптоми на губење на вкус и мирис. Веднаш штом изедов две парчиња сланина ми беше подобро. Земав диклоfенак два, три дена, два грама витамин Ц и еден милиграм витамин Д, секој втор ден, бидејќи ми создаде проблем во цревата “, изјави докторката за РТС, додавајќи дека не земала антибиотици, туку внесувала многу течности и одмарала две недели.
Сепак, како што вели, и требале седум недели да се опорави целосно. Доктор Грујичиќ вели дека дури четири месеци по инфекцијата, таа има исто ниво на антитела, како што е случајот со нејзиниот татко, кој имал многу потешка клиничка слика.
„Најголемиот проблем со овој вирус е тромбоемболизам, што може да ја влоши состојбата за миг. Изложени на ризик се сите оние кои имаат проблеми со вените, жени кои неодамна направиле гинеколошки операции, поради што треба да примат фраксипарин “.
Докторката верува дека вирусот мутирал повеќе од седум пати од март до сега, па затоа има многу повеќе пациенти со сериозна клиничка слика во овој трет бран.
Izvor: RTS/Objektiv