Кафе муабет

,,СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА МОЕТО ПРВО ЧЕДО И БЕСКРАЈНА ЉУБОВ’’ – Ќерката на Андријана Алачки славеше роденден

Алачки емотивно по повод роденднот на ќерка си...

 

Македонската пејачка и водителка Адријана Алачки 25 години беше во брак со популарниот хармоникаш Горан Алачки.

Плод на нивната љубов се нивните две деца Грациела и Благоја.

ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки

Горан и Адријана одлучија а се разделат и секој продолжи по својот пат и во кариерата и во приватниот живот.

ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки

Грациела е веќе изградена личност, мајка и сопруга. Таа магистрираше на Економскиот факултет, а вработена во „ЦКБ банка“, додека пак Благоја дипломираше на Правниот факултет.

фото Фејсбук/Адријана Алачки

Неодамна,Грациела славеше роденден, а Алачки со емотивна објава и фотографии и’ го честиташе роденденот на ќерка си.

фото Фејсбук/Адријана Алачки

„Среќен роденден на мојата бескрајна љубов, на мојата душа, на мојата убавица Граци, на моето прво чедо. 15. март дојде на свет душата мајкина, белата самовила, немаше посреќна мајка од мене, сонот мој стана јаве. Ти благодарам Господе. Веќе ништо не беше како порано, не постои ,,јас” постои нејзиното височество ,,таа”.

фото Фејсбук/Адријана Алачки

 

Првиот плач, солза, чекор, збор, кога таа моја мала принцеза се претвори во изградена личност со цврст карактер, истрајна, доследна, мајка, сопруга, верен пријател без интереси, без услови, кога зборот и е алтан, умот како универзумот душата како океаните, да може ćе да собере. Таа стана мојот идол. Но кога се подготвува бура таа умее да ги распне своите едра и да му пркоси на ветрот и невремето е таква е мојата Граци, среќа мајкина. Сине да ти е среќен роденденот да си ми здрава и жива да се радуваш на секој нов божји ден заедно со твоето семејство. Дај Боже и ти да си толку горда мајка како јас со тебе“, напиша Алачки за роденденот на ќерка и.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close