Кафе муабет

Со него беше во врска 10 години, го остави па се омажи за Бојан: Илда конечно откри зошто познатиот бизнисмен не ја однесе до олтарот!

Раскинаа поради различни интереси...

Едно непишано правило вели дека емотивните врски кои траат повеќе од една деценија ретко завршуваат со брак, а партнерите по раскинувањето набргу ја наоѓаат среќата со други партнери.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Така беше и со пејачката Илда Шаулиќ, која една година пред да се омажи за Бојан Вучковиќ, стави крај на 10-годишната романса со белградски бизнисмен.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Ќерката на Шабан Шаулиќ во раните дваесетти години почнала да излегува со многу постар маж, на што нејзините родители отворено се противеле.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Неговата возраст никогаш не ми пречеше, напротив. За да функционира добро врската, мажот мора да биде постар од партнерката, бидејќи е позрел и знае што сака во животот – рекла Илда, која поранешниот избраник го запознала преку заеднички пријатели.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Бев млада, имав 20 години. Бидејќи отсекогаш сум ги ценела карактерните мажи, мојот поранешен партнер веднаш ми го привлече вниманието со својата силна личност. Може да се каже дека тоа беше љубов на прв поглед, која со текот на времето добиваше на интензитет. Иако многумина, како мене, веруваа дека ќе се круниса со брак, за жал дојде до раскол. Сега продолжувам понатаму. Најважно е што останав во добри односи со бившиот партнер и дека ќе имам заштита од него секогаш кога ќе ми треба – изјави пејачката.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Зборувајќи за причините за раскинувањето, убавата пејачка призна дека едноставно и здосадило да чека.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Некои работи не се случија во вистинско време. Кога нашата љубов беше на врвот и кога најмногу сакав брак, семејство, деца, мојот партнер не беше подготвен за тоа. Потоа запловив во светот на музиката и бев преокупирана со мојата кариера. Набргу потоа тој сакаше се што јас сакав претходно, но мојот живот во тој момент имаше друга смисла – рекла Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Ако не ја крунисате својата долгогодишна врска со брак, во моментот кога ќе почувствувате потреба за тоа, таа најчесто пропаѓа – заклучила Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Денес Илда е во среќен брак со Бојан Вучковиќ.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда го запознала својот сопруг, исто како и нејзиниот свекор и свекрва на рана возраст, а во една прилика открила како започнала љубовната приказна со Бојан.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Доволно е да се каже дека таткото на Бојан е еден од виновниците за љубовта на татко ми кон риболовот. Неговото семејство имаше викендица во Бановци, во која отидовме семејно – ја започна таа љубовната приказна за „Глоси“.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Меѓу нас немаше тинејџерски симпатии, бидејќи во тој период од осум години разлика, колку што е Бојан постар од мене, ги имаше многу. Тој отиде во Америка кога имаше 20 години, а јас само 12. Кога тој беше тинејџер, јас бев навистина дете. Братот на Бојан, Бранко ми беше најдобар пријател, бидејќи сме генерациски блиски. За Бојан, јас, Санела и Бранко бевме деца, па не му бевме интересни – рече тогаш таа и откри како изгледала нивната прва средба по долги години.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Мислам дека за него и за мене нашата прва средба, по долги години во кои не бевме во контакт, беше целосно изненадување. Кога седнавме да пиеме кафе, разговаравме како сите тие години да се гледавме секој ден. Можеби тоа ми беше невозможна мисија во тој момент, бидејќи ниту очекував ниту бев подготвена за врска и таков близок контакт со маж кој го познавам, а всушност не го познавам. Тоа беше многу специфична ситуација за мене, верувам и за него, но многу брзо и двајцата сфативме дека тоа е тоа и дека не погрешивме. Велам дека тој е мојата друга половина – открива Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close