Кафе муабет

Со неа се ожени во 2003 година- погледнете каква природна убавица е сопругата на Саша Матиќ!

Саша често истакнува дека неговите три дами му се најважни во животот...

Саша Матиќ е познат по тоа што е семеен човек и како што изјави на неколку пати секој слободен момент сака да го поминува со своите најблиски. Во 2003 година Саша се ожени со убавата Анѓелија и со неа доби две ќерки Тара и Александра.

фото инстаграм/Саша Матиќ
фото инстаграм/Саша Матиќ

Саша често истакнува дека неговите три дами му се најважни во животот. Тој во едно интервју за српскиот таблоид „Ало“ искрено призна што би го натерало да си замине од неговата сопруга со која инаку е во складен брак.

фото инстаграм/Саша Матиќ
фото инстаграм/Саша Матиќ

„Мојата сопруга и ќерките навикнаа поради работата што ја работам многу често да не сум дома и ме разбираат. Кога сум дома, се обидувам да поминеме квалитетно време и потполно да му се посветам на семејството. Многу често ме прашуваат дали сум строг или попустлив татко, но јас не сум ни едното ни другото, бидејќи никогаш не сум тука“ изјави искрено пејачот и додаде која е тајната на неговиот успешен брак.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ
Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

„Не постои тајна. Љубов, разбирање и поддршка, а кај мене постојат сите овие работи. Ако ме прашувате дали понекогаш морам да се оправдувам, бидејќи не сум дома, поштено ви велам, не се оправдувам ни на самиот себеси. Кога сум дома, мора да биде добра атмосферата, да се согласуваме, смееме и уживаме, а ако не е така, веднаш заминувам. Знам дека тоа е себично, но тоа е вистината. Тоа исто важи и за бракот, ако атмосферата помеѓу мене и сопругата беше лоша, јас би заминал“, откри тогаш познатиот пејач.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

Инаку Саша и Анѓелија го чуваат семејниот живот подалеку од љубопитните очи на јавноста, па на прсти  можеме да ги изброиме приликите кога сме ја виделе неговата сопруга.

Пејачот вели дека Анѓа е секогаш со него, и дека е неговата потпора но и столбот на семејството – особено што поради неговата работа тој често е отсутен од дома.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

– Мојата сопруга е секогаш со мене, но јас не ја оптоварувам со кариерата. Има ситуации кога ја прашувам за совет, најчесто тоа е помош при изборот на гардероба, а кога е музиката во прашање, јас сум сам. Се сметам себеси за доволно компетентен и сум најголемиот критичар на сопствената работа. Само кога ќе завршам со снимањето на албумот, им пуштам песни на членовите на моето семејство и пријателите бидејќи нивното мислење ми значи. Нормално дека жена ми да ме поддржува, да не беше така немаше да има семејство. Да немав здрав однос со семејството, ниту мојата кариера немаше да биде толку успешна – изјави Саша.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

Анѓелија многу ретко се појавува во медиумите, а ретко можеме да ја видиме на настани на кои присуствува и нејзиниот сопруг. Парот исто така многу внимателно ја чува приватноста на нивните две ќерки.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ
Фото Инстаграм/Саша Матиќ
Фото Инстаграм/Саша Матиќ
Фото Инстаграм/Саша Матиќ
Фото Инстаграм/Саша Матиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close