Кафе муабет
Со емотивна порака и видео Владо Јаневски се прости од прерано починaтaта инфлуенсерка Маја- она што го напиша ќе ве расплаче
Македонија тагува...
Смр-тта на младата инфлуенсерка и светски позната мејк-ап артистка од Македонија Маја Миа Јанеска пред една недела ја потресе јавноста.
Шокантаната смрт на популарната македонската инфлуенсерка на Инстаграм, чии 1,2 милиони следбеници вклучуваа и познати личности, го остави во тага нејзиното семејство во земјава, како и нејзините пријатели во Јужна Африка.
Семејството на Јанеска дознало за нејзината см.рт преку еден од поранешните соработници на Филипс, кој им се јавил да им каже дека нејзиното тело е пронајдено, а дека самоубиството е сомнителна причина за нејзината смрт.
„Таа понекогаш се плашеше за својот живот. Нејзиното момче имаше мажи кои работеа за него, а таа се плашеше и од нив. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме” – изјави нејзин близок роднина.
Маја беше светски позната шминкерка со милиони следбеници на социјалните мрежи, а беше во врска со познатиот музичар Оми Димпоз. Нејзиното момче преку Инстаграм се прости од неа, а веста први ја објавија медиумите во Јужна Африка каде што Маја живееше и работеше веќе со години.
Полицијата за „News24“ изјави дека отворила увид во врска со смртта на Јанеска, што значи, во оваа фаза, дека тоа не се третира како сомнително од органите на прогонот. Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во „Bassonia Estate“. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Брзата помош констатирала смрт“, изјави портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.
Нејзината смрт крена прашина а имаше различни коментари на социјалните мрежи што ги револтираа оние кои добро ја познаваа.
Откако познатата македонска водителка и инфлуенсерка Лила се огласи револтирана од написите за Маја Миа, се огласи и водителката и инфлуенсерка Миа Костова, а неодамна и македонскиот пејач Владо Јаневски сподели низа заеднички фотографии со Маја на кои се гледа дека биле блиски пријатели.
Владо на својот Инстаграм профил сподели и видео на кое Маја го пее неговиот голем хит „Црно тиквешко“ па во описот напиша:
„Кој не ја познавал тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре“.
View this post on Instagram
Претходно се огласи Лила Филиповска и кажа дека е згрозена од целата ситуација и она што се коментира за некој кој не е веќе меѓу живите.
-Не знам, веројатно по дома вашите жени и ќерки се светици, зошто очигледно по вашите коментари сите останати се неморални и лесни жени! Не дај боже да е убава и успешна, е тогаш почнува вистински натпревар, кој поОдвратен и позлобен коментар ќе остави! Па уште си се дополнувате ( леле баш така во право си брат…леле што убаво и пиша), мизерии едни мизерни!!! Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство?! Имате ли сeмејства, роднини,колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли? Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа! Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен шок, преживува трагедија…. Изгубиле дете! Срам да ви е! А одите во црква, се крстите, се молите на бога, слави славите, наредени икони и светци низ куќа…. Безбожници едни !!! Ама да си знаете истиот тој бог ќе ви суди , секому според заслуга!
Оставете девојката да почива во мир и сочувство до нејзиното семејство за оваа голема и ненадоместлива загуба…, напиша Лила на својот Фејсбук профил.
По низата недолични коментари за смртта на девојката, шпекулациите и навредите се огласи и Миа Костова.
-Кога ќе видам што се пишува под портали за некој кој не е веќе меѓу живите, се прашувам зошто уште ме допира понекогаш што ќе каже некој за мене под вест дека на пример сум патувала некаде.
Нема да ме мрзи еднаш ќе соберам све од коментари под разни објави на разни вести и со име и презиме и приватни слики со деца и бебиња и семејствата со кои живеете а ширите говор на омраза и желба за туѓа смрт ќе ви направам едно видео од два саата да ви е незгодно леб да купите во продавница. Гнаси едни одвратни! Па кога ќе оди видеото под портали со вашиот зумиран сурат пак да коментирате! Задоени со зло, несреќни и пропаднати. Нели ви е страв дека на најмило ќе ве удри коментарот што го постирате?, напиша Миа.