Холивуд

Со години се бори со рakoт на дојка, спреми фустан за сопствениот пoгрeб: Познатата актерка сега соопшти лоши вести

Остана без здравствено осигурување...

И покрај што Ѕвездата на 90-тите години е во четвртиот стадииум од тешката бол ест, таа секој момент го користи за смееа и радост.

фото принтскрин

Американската актерка Шенон Доерти која се прослави со улогата на Бренда во хит-серијата од 90-тите „Беверли Хилс 90210“, со години се бори со ра.кот на дојката, малигно заболување кое и се врати откако влезе во ремисија во 2017 година.

фото инстаграм/Шенон Доерти

Но несреќата да биде уште поголема, таа сега објави дека синдикатот на актерите САГ-АФРТА одбил да и ги покрие медицинските трошоци бидејќи во изминатата година не заработила 26.470 долари, што е минимум за да се квалификува за здравствено осигурување.

фото инстаграм/Шенон Доерти

Актерката разочарана од ваквата одлука се огласи на социјалните мрежи.

фото инстаграм/Шенон Доерти

– Работам од мојата десетгодишна возраст и редовно ја плаќам членарината во синдикатот, а кога веќе не можам да снимам поради болест, никој не се грижи за мене. Мислам дека можеме и мораме подобро, напиша Шенон Доерти во својата изјава и ја повика својата колешка Фран Дрешер, претседател на здружението, да направи нешто околу тоа. Фран Дрешер беше избрана на таа функција минатата година, а таа и самата го победи ра.кот на матката.

фото инстаграм/Шенон Доерти

– Правото на здравствено осигурување не смее да се поврзува со висината на приходите во последната година, бидејќи на овој начин сите сме осудени да останеме без право на лекување во борбата против долго и тешко боледување, додаде 51-годишната Доерти, која со своите придружници редовно споделува информации за нејзиното здравје.

фото инстаграм/Шенон Доерти

– Во 2015 година ми беше дијагностициран ра.к на дојка. Имав мастектомија и бев на хемотерапија и зрачење. Имав многу крварења од носот поради хемотерапија. Не сум сигурна дали некој од вас го доживеал ова. Освен тоа, бев ужасно уморна. Но, се развеселив кога ги облеков смешните пижами што ми ги подари мојата пријателка Кристи. Изгледав смешно и можев да се смеам на себе во сето тоа. Се надевам дека сите ќе најдеме хумор кога тоа изгледа невозможно, бидејќи навистина помага, изјави актерката и додаде дека болеста и се вратила минатата година.

фото инстаграм/Шенон Доерти

– Чувствувам дека како јавна личност имам одговорност да зборувам за мојата борба и да ги едуцирам луѓето. Дополнително, сакам да покажам дека тешко болните луѓе се уште се живи и можат да бидат многу активни. Мојот сопруг вели дека живеам поинтензивно и пострасно од многу мои врсници без здравствени проблеми. Живеам од ден на ден и се трудам да уживам во малите нешта кои луѓето често не ги забележуваат и ги земаат здраво за готово, додаде Доерти, која од 2011 година по трет пат стапи во брак со фотографот Курт Исвариенко.

фото принтскрин

Инаку Шенон откако на јавноста и призна дека пишува проштално писмо и снима видео за своите најблиски, на пријателите им открила и со која песна сака да биде испратена во вечниот дом.

фото инстаграм/Шенон Доерти

Станува збор за песната „Tears in Heaven“ , оваа песна е инспирирана од големата болка на славниот Ерик Клептон, што оваа трагедија му го промени животот.

фото инстаграм/Шенон Доерт

Имено, во 1991 година, неговиот четиригодишен син Конор настрада во несреќа.

Детето скокало на креветот во станот на пријателката на неговата мајка, на 53. кат во една зграда во Њујорк.

фото инстаграм/Шенон Доерти

Малиот Конор паднал низ прозорец и заг инал на лице место. Шенон наводно, откако прв пат ја слушнала таа песна и приказната како настанала, плачела со денови и изјавила како тие стихови за неа симболизираат крај на овдеземскиот и почеток на друг живот.

фото инстаграм/Шенон Доерти

– Многу е поврзана со таа песна и уште во 90-тите изјавила дека сака да биде испратена со оваа песна, Иако јас не се надевав дека на прагот на 50-тите мора повторно да размислува за тоа, недоамна пријателите ја потсетија на оваа желба, открива близок извор на актеркта.

фото инстаграм/Шенон Доерти

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close