Кафе муабет

СОФЧЕ ЏОРЛЕВА РАСПАЛИ СО ФЕЈСБУК СТАТУС: ВО МОИТЕ 60 ГОДИНИ НИКОЈ НЕ МЕ НАВРЕДИЛ КАКО ТОЈ…

Требаше да му биде чест што сме му гости, а тој не избрка...

Софче Џорлева, познатата македонска вокалистка, која изминативе години можевме да ја видиме на српските музички шоуа како дел од ,, Никад нијде касно’’, постојано е активна на медиумите.

Македонската пејачка споделува дел од приватниот живот, за кариерата, за својот син Огнен, но и за семејната  загуба која ги снајде.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

Во едно од изданијата на емисијата Магазин таа отворено зборуваше за загубата на нејзиниот брат – легендарниот виолинист Зоран Џорлев.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

„Многу бев приврзана со мојот брат, си замина поради вирусот. Живееме во време на една таква пандемија, на војна да речеме. Јас никако не можам да се помирам дека го изгубив од таква болест.

Затоа што тој беше полн со живот, не беше ни болен претходно, немаше никакви потешкотии претходно, како укра-ден ми отиде братот, ете така“, рече Џорлева низ солзи.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

„Животот си тече понатака, тоа беше Божја волја да се рече, и тоа е. Јас бев многу покритична, зборев нели претходно да не се навраќам, сите се чудеа на клиника јас како преживеав, ама не било денот, не било речено да отидам“.

„Спомените се многу болни, но сега мора да се живее. Не сум јас единствена што сум го загубила братот, јас го загубив и детенцето мое пред 20 и кусур години, родителите, ама и за брат многу е болно“, изјави пејачката.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

Софче, честопати се обраќа на своите социјални медиуми, а синоќа таа на Фејсбук објави несекојдневен статус.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

Изреволтирана и лута таа удри по една позната скопска Градска кафеана.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

,,Најмизерната кафана во Скопје, а поготово газдата С*** со неговиот одвратен однос. За моите 60 години никој не ме навредил како тој. Да Ве предупредам дека не знае да се однесува со гостите. Требаше да му биде чест и задоволство што ние 6 дами му го разубавевме, а тој малтене не избрка. А и да Ви кажам дека беше несоодветно облечен и некултурен. За жал не е секој за угостител, апоготово за сопственик на ресторан’’, напиша Џорлева на Фејсбук.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

Инаку, Софија Џорлева е ќерка на легендата на македонската фолклорна музика Наско Џорлев.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

Нејзиниот син Огнен Здравковски можевме да го гледаме на српското музичко шоу ,,Ѕвездите на Гранд’’.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева
Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close