Кафе муабет
СОСЕМА НЕОЧЕКУВАНО-ЕВЕ КАЈ КОГО ОДИ ЦЕЛИОТ ИМОТ ПО РАЗВОДОТ: Душко и Јелена имаат големо богатство, ова се цифрите и недвижностите!
Се останува на децата...
Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заврши по 14 години заеднички живот.
Како што објави Јелена на социјалната мрежа Инстаграм, „целиот брачен имот е пренесен на заедничките деца, а старателството и припадна на Карлеуша.
Како што беше напишано претходно, генерално сè што брачните другари стекнaa за време на бракот се дели на половина. Тошиќ заработи огромнa сумa пари откако се ожени со Јелена Карелуша.
Прво настапуваше за српската репрезентација, потоа се пресели во Црвена звезда, а потоа во турскиот клуб Генчлербирлиги. Покрај другите клубови, Душко најголемиот успех и заработка го постигна во турскиот клуб Бешикташ каде играше од 2015 до 2018 година.
Според медиумите, Тошиќ за овие три сезони во славниот клуб заработувал 1.250.000 евра годишно, што е зголемување во однос на претходните 900.000 евра, а имал и бонуси од 4.000 евра за секој одигран натпревар.
По големиот успех во овој клуб, Душко се пресели во Кина – Гуангжу Р&Ф, каде што беше платен уште повеќе.
Имено, тој заработуваше по 5.800.000 евра по сезона, како што објавија тамошните медиуми и со тоа стана најплатениот српски фудбалер.
Кога би се собрале само паричните приходи од овие два клуба, без да се земат предвид претходните заработки, бонуси, премии, како и трошоците за клубот, менаџерите и другите трошоци кои сигурно ги имал фудбалерот, Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил околу неверојатни 18 милиони и 750.000. Според таа претпоставка, Јелена треба да добие половина од оваа сума на пари, која изнесува нешто повеќе од девет милиони евра!
Брачната двојка Тошиќ поседува неколку имоти и автомобили, кои во случај на развод би можеле подеднакво да се поделат.
Пред 3 години медиумите објавија дека брачната двојка купила вила од Драган Стојковиќ Пикси, која се наоѓа на Дедиње, вредна околу 3 милиони евра, која се уште ја уредуваат.
Се шпекулираше и дека одвоиле 300.000 евра за вила во Врачар, но парот никогаш јавно не проговорил за имотот. Дополнително, доколку ќерките на познатиот пар и припаѓаат на мајката, Душко за нив треба да и плати на Јелена алиментација за која ќе се договорат.
Инаку Јелена на својот Инстаграм профил напиша соопштение каде открива и кој ќе го добие старателството над децата но и која е причината за распадот на бракот.
Јелена изјавила дека Душко Тошиќ повеќе не се гледа себеси како дел од семејството, и дека ќе се разведат со заедничка согласност.
“Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со заеднички договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата , нема да молам за разбирање од медиумите затоа што тоа е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само линчување и миење уста со нашиот живот, на што сум навикната… па АЈДЕ сум преживеала се, па ќе го направам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот е пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како досега. Веќе нема да се огласувам на оваа тема“, напиша Карлеуша.
Да потсетиме, нивната љубовна приказна започна на 28 јуни 2008 година а Јелена Карлеуша тогаш беше во седмиот месец од бременоста.