Дом и семејство
СОСЕДИТЕ ОТКРИЈА СЕ: Еве како Андрија се грижи за сопругата и синот- само пофални зборови за новопечениот татко
Велат дека е многу позитивен...
Соседите на познатиот актерски пар од Баново брдо открија дека и двајцата се однесуваат културно, а повеќе пофалби имаа за однесувањето на актерот отколку неговата сопруга.
– Андрија е лик за медал. Секогаш насмеан и духовит. Ништо не му е тешко. Често се фотографира со девојки пред влезот или во блискиот трговски центар. А неговата сопруга сето тоа го гледа со насмевка. И таа е слатка, но не е толку насмеана како Андрија. Некогаш ќе се намурти – рече постара дама пред зградата во која живеат Андрија и Сандра.
-Толку се прекрасни што е тешко да се опишат со зборови. Секогаш љубезни. Андрија е секогаш расположен. Додека Сандра беше бремена, тој сам влечеше сè. Извади десетина кеси од гаражата, сам носи се. И кога го прашавме дали му треба помош, тој љубезно ни се заблагодари. Соседите од зградата често бараат од него да каже некоја шега и никогаш не му е тешко. Ако мене некој толку ме замара да му кажувам вицови сигурно ќе се правам дека не го гледам, но не и тој. Тој е прав весељак. Сандра е симпатична, но таа е сосема поинаков тип од него. Понекогаш мислиме дека е лута, но тоа е нејзиниот темперамент.
– Ретко доаѓаат. Можеби за основни намирници. Андрија доаѓа така во опуштено издание. А потоа останува подолго отколку што треба, бидејќи сите сакаат да разговараат со него, да се фотографираат. Овие деца од околината често му пречеа да се сликаат со него, а многумина од нас често го прашуваат какви се некои негови колеги. Кога го снимаше „Андрија и Анѓелка“, многумина мислеа дека е во врска со Анѓелка. Беше навистина смешно, бидејќи постојано мораше да кажува дека тие се само колеги и пријатели. А потоа, кога сфатија дека навистина се само пријатели, му пречеа со прашањето дали Анѓелка е навистина смешна во приватниот живот, дали е толку фина – велат работниците од продавницата каде што пазарел Милошевиќ.
Еден постар господин пред продавницата истакнал дека е воодушевен од актерот.
– Андрија е легенда. Млад, вреден, тој е гордоста на нашето маало. Многу ми е драго што добија син, долго време сакаа да имаат дете. Тоа ќе биде мал актер. Круша под круша паѓа. Таа е добра со него. Тие одат рамо до рамо. Но, се чини дека таа внимава на него, односно таа диригира. Но нека. Некој мора да го заузда неговиот младешки темперамент.
На синот му го дадоа името Реља
Александра на свет го донела здраво и машко бебе. Наследникот на популарниот катер има 3 килограми и 300 грама, а Андрија и Александра му го дадоа името Реља.
Името Реља е традиционално на овие простори, и датира со векови нанзад. Знаечењето на името е „оној кој е вреден како злато“, „сјаен“, „ оној кој е полн со нергија“.
За потсетување, Александра пред пордоувањето имаше мали компликации, па неодамна и Андреја откри колку неговата партнерка е силна и на нозе успеа да го надмине тој период.
Актерите Андрија Милошевиќ и неговата десет години помлада партнерка Александра Томиќа во интервју за медиумите говореа за проблемите и компликациите со коишто се соочиле.
Тие гостуваа во ТВ емисија кај Мaрија Килибарда на телевизијата „Прва“ каде Александра откри дека во бременоста добила дијабетес, а Андрија не ја криеше гордоста за сопствената партнерка:
-Таа сè поднесе херојски. Мошне е дисциплинирана. Јас сум мошне мрзелив. Мислам на храната и воопшто на организацијата на животот. Таа води сè, а јас ги извршувам тешките задачи. Оние физичките работи. Донеси, однеси, вози – вели Андрија, пренесува Telegraf.rs.
Александра, пак, проговори за тоа како се справува со дијабетесот во бременоста:
-Морам да водам сметка за калориите. Затоа што во бременоста добив дијабетес и се надевам дека е само привремено.
Велат дека тоа е честа појава. Не би сакала многу да кревам врева за тоа, но мора многу да се внимава за внесувањето јаглехидрати, малку да се намали, искрено открила таа.