Кафе муабет
Соседите на Тања Савиќ открија непознати детали: Нема да верувате каква е во приватнот живот- ова никој не го знаеше за неа
Таа ужива во друштво на синовите...
Пејачката Тања Савиќ успеа да изгради завидна кариера а за тоа неколку пати зборуваше и Саша Поповиќ кој истакна дека има многу хитови и дека публиката ја обожава.
Соседите на пејачката прозбореа за српските медиуми и имаа само пофални зборови за неа.
Тања е препознатлива по нејзината природната убавина и насмевката која секогаш ја краси. Екипата на „Супер ТВ“ го посетила нејзиното родно Смедерево, а соседите немале ништо друго освен пофалби за неа.
– Тања е една од најпопуларните соседи овде. Сè уште не сум ја видел нерасположена или без насмевка. Жената плени со добрина и харизма. Со задоволство одговара, дури и застанува да разговара ако има време – рекол соседот и додал:
-Ја гледам најмногу во друштво на нејзината сестра и синовите. Искрено, сите овде коментираме дека е штета ако не се премажи. Не треба да се навраќа на минатото, ако еднаш било лошо, сигурно нема повторно да ја повреди таков луд човек.
Тања како вистинска домаќинка пазари за својот дом па пазарџиите кај кои редовно доаѓа исто така имаа само пофалби за младата пејачка.
– Таа е наш редовен клиент, доаѓа со сестра и. И двете се многу љубезни и не се цинични. Тања знае да остави бакшиш и да не почести. Таа е жена која го разубавува денот со својата насмевка. Навистина немам ништо лошо да кажам за неа – истакнал еден постар човек кој работи како продавач на пазарот во Смедерево.
Жителите на родниот град на пејачката не ја кријат гордоста што Тања успеа и стана една од најголемите музички ѕвезди во регионот.
– Еве, сите ние многу ја сакаме нашата Тањица. Горди сме на неа и нејзиниот успех. Уште од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ знаевме дека еден ден ќе стане тоа што е сега. Нејзините синови се премногу слатки. Тие се прекрасно семејство, ги сакаме сите. Велат дека понекогаш е неодговорна кога е во прашање работата, дека не сака да снима, но изгледа дека се вразумила – вели една девојка, додека нејзината мајка додава:
– Жал ми е што бракот не и успеа, бидејќи навистина мислам дека заслужува некој искрено да ја сака. Ми се чини дека уште ѝ недостига таа посилна половина, но дека вешто сака да го прикрие тоа.
Во блиското кафуле каде што Тања често пати знае да го испие своето кафе соседите со задоволство разговарале со новинарите за животот на пејачката.
– Добра е, но не делува елоквентно, не ме сфаќајте погрешно. Можеше да биде наследничка на Цеца и Брена ако беше паметна. Поповиќ ја фаворизираше, но таа беше неодговорна, а потоа се пресели во Австралија. Таа има харизма и стас и глас, но одамна не ги користи паметно. Сега ја нема по разводот, но пристигнаа нови ѕвезди.
-Ја гледаме без шминка, многу е опуштена и без комплекси. Таа е пријатна и многу поубава и позгодна отколку на телевизија. Изгледа како да не е пејачка, секогаш облечена лежерно. Таа е посветена на синовите, ги запишала во државното училиште овде. Секоја чест за тоа. На децата треба да им се всадат вистинскивредности, кои денес се подзаборавени, истакнаа соседите.