Кафе муабет

Сопругата на Џибони е вистинска убавица: Се познаваат од деца, ретко се појавува во јавноста а еве како изгледа денес!

Не крие дека е среќен со неа...

Златан Стипишиќ Џибони долги години е едно од најпознатите музички имиња во регионот и ретки се оние кои не ја сакаат неговата музика, но неговата сопруга Сања е друга приказна.

фото Инстаграм/Џибони

Иако повеќе од 20 години е во брак со еден од најпопуларните пејачки во регионот, Сања секогаш се држи подалеку од рефлекторите и фотоапаратот на папараците а ретко ја гледаме во јавноста, па многумина веројатно не ни знаат како таа изгледа.

фото Инстаграм/Џибони

Џибони ја познава својата сопруга од својата десетта година, кога беа соседи во Сплит, а се венчаа во 90-тите. Колку не сака да открива за приватниот живот говори и фактот што тој не откри ништо за нивната венчавка во сопствената биографија со наслов „Тајна вештина“, освен дека била „скромна и дискретна“.

фото Инстаграм/Џибони

Свадбата се одржа во загрепска Дубрава, а со Сања, Џибони има три деца. Џибони не зборува често за својата сопруга во интервјуата, но не крие дека е среќен што успеал да ја пронајде.

фото Инстаграм/Џибони

– Ние сме едноставно луѓе кои се запознале многу пред да се случи мојата популарност и имаме врска која е тотално нетипична, многу поздрава и така да се каже, поискрена. Имав среќа да запознам таква жена, изјави тој за IN Magazine минатата година.

фото Инстаграм/Џибони

Откако се запознале во детството, јасно е дека на почетокот биле „само“ пријатели, а љубовта се родила подоцна. Џибони смета дека тоа било добро за нивната врска.

фото Инстаграм/Џибони

– Создадовме врска базирана на љубов и доверба. Сè ни се случило од долгото познанство и никогаш не сме имале потреба да се лажеме или глумиме, изјави тој во едно претходно интервју.

Тој откри и дека на почетокот на нивната врска, додека тој бил на почетокот на кариерата, Сања била таа која го поддржувала, што, како што рече, му пречело бидејќи како маж чувствувал потреба да придонесе, па затоа тој на крајот се согласи на колегите да им напише песни од кои тогаш се срамеше.

фото Инстаграм/Џибони

– Јас сум човек, Далматинец, ако ме разбирате што сакам да кажам… не можев да дозволам јас д ане плаќам некои сметки…, изјави Џибони за Слободна Далмација.

фото Инстаграм/Џибони

Инаку, така е создадена и песната „Зошто правиш слон од мене“ од Дино Дворник, која Џибони не сакаше да ја потпише, па остана без хонорар кога песната стана голем хит.

фото Инстаграм/Џибони

На почетокот на својата музичка кариера, младата надеж на музиката, Северина, реши да направи неверојатен трик и го искористи, фигуративно кажано, нејзиното пријателство со, пред пошироката јавност тогаш се уште не толку познат, нејзиниот колега Златан Стипишиќ Џибони.

фото Инстаграм/Џибони

Џибони (50) во 1992 година го подготвуваше својот втор соло албум „Ковчегот на Ное“ , а во него се „крчкаше“ и „Цесарица“ која му ја напиша Оливер Драгојевиќ. Песната, како што кажа, ја направил за дваесет минути.

фото Инстаграм/Џибони

Истата година, „младата надеж“ меѓу естрадните уметници, 20-годишната Северина на својот втор албум објави видео за песната „Кога си сам“.

фото Инстаграм/Џибони

Во видеото, пејачката врши домашни работи додека му се жали на сопругот кој седи на каучот и свири на гитара. Многумина го заборавија овој спот, а како што се коментираше во тоа време, тие совршено ги одиграа своите улоги. Нејзиниот „сопруг“, кој е вознемирен од агонијата на жената, е токму младиот Џибони кој исто така е на почеток од кариерата. На видеото се појави и Јурица Паџен, кој играше шанкер. Ако не знаете дека се они, можеби и нема да ги препознаете.

фото принтскрин

А еве и една интересна приказна за Џибони и неговиот прекар:

„Ме викаа Џибо уште од 9 години. Имав среќа затоа што требаше да ме нарекуваат Муцо. Кај нас, исто како и во Сицилија, луѓето не се нарекуваат со нивните вистински имиња, туку според нивните недостатоци.

фото принтскрин

„Пелтечев, но по некое чудо, еден сплитски морнар, кој беше во градот Џибути, прво ме нарече Џибути, а подоцна тоа луѓето го скратија и ме нарекоа Џибо“.

фото принтскрин

Кога, во еден момент, решил да има свој бенд, дошол до идејата да се нарече Џибо и оттука и сегашното Џибони, затоа што звучело подобро.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close