Кафе муабет

Сопругата на Никола Роквиќ има проблеми во бременоста: Бојана се пожали- првите две беа поразлични од оваа

Го чекаат третото дете...

Манекенката Бојана Баровиќ, сопруга на пејачот Никола Роквиќ во моментов е во блажена состојба а сега  конечно реши да се појави пред очите на јавноста и откри со што се бори во третата бременост.

Фото Инстаграм/Бојана Баровиќ

– Некои од вас забележаа дека во изминатиот месец или повеќе не сум била најактивниот член на оваа заедница, а причина за тоа беше убавината на првото тромесечје – мачнините. Овој пат ме дочека неподготвена бидејќи се гордеев со себе, со оглед на тоа дека првите две бремености беа многу подобри во овој поглед – напишала на почетокот.

Фото Инстаграм/Бојана Баровиќ

– Но, ова ви го пишувам од друга причина, а тоа е моја опсервација и начинот на кој се справив со тоа. На самиот почеток западнав во фаза на препуштање и буквално не можев ниту една обврска (освен децата) да ја извршувам како што треба. Тоа траеше кратко, бидејќи сфатив дека тоа е и еден вид борба и моментална ситуација во која не смееме така лесно да се предадеме – додаде таа.

Фото Инстаграм/Бојана Баровиќ

– И иако мојата мачнина не престана од тоа сознание, нивниот континуитет престана и мојата глава повеќе не се занимаваше само со тоа! Барем за кратко успеав да излезам од таа состојба и да правам други работи и некако да научам да функционирам и да се снаоѓам со оваа, за среќа краткотрајна состојба… Знам дека има многу од вас кои сте во оваа иста прекрасна состојба, со понекогаш не толку прекрасно секојдневие и баш ви пишувам со надеж дека барем понекогаш ќе си помогнам – заклучи Бојана.

фото инстаграм/Бојана Баровиќ

Инаку деновиве Бојана и нејзиниот сопруг, пејачот Никола Роквиќ уживаат во летниот одмор и прават пауза од професионалните обврски, а иако засега по принципот да не слушне злото, Бојана молчеше за бременоста, таа сепак сподели и прва трудничка фотографија со нејзините следбеници на „Инстаграм“.

фото инстаграм/Бојана Баровиќ

На сликата бремената Бојана Баровиќ лежи на дрвена лежалка покрај базенот со прекрасен поглед, а бидејќи на нејзиното лице има блага насмевка и сјај во очите, веруваме дека зад камерата стои нејзиниот љубен.

фото инстаграм/Бојана Баровиќ

Заклучокот на оние кои го следеа потегот на Бојана е дека манекенката нетрпеливо го чека доаѓањето на третиот член од семејството, во кое секако и се придружува и Никола.

фото инстаграм/Бојана Баровиќ

Од моментот кога дознал дека ќе стане татко по трет пат, музичарот е многу грижлив кон сопругата, и удоволува во се, се труди да се грижи за нејзиното домот и децата Леона и Симеон, кои ги подготвува да сфатат дека наскоро ќе треба да ја делат собата со друг брат или сестра.

бФото Инстаграм/Бојана Баровиќ

фото инстаграм/Бојана Баровиќ
фото инстаграм/Бојана Баровиќ
Фото Инстаграм/Бојана Баровиќ
Фото Инстаграм/Бојана Баровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close