Дом и семејство

Сопругата на Мили е вистинска убавица: Го оставила момчето за да биде со него- „Штом ја видов знаев дека ќе ми биде жена“

Мили откри како се запознале...

Композиторот и продуцент Александар Милиќ- Мили не крие колку е заљубен во својата сопруга Нина и после долги години брак. Тие уживаат во хармонична заедница а од нивната љубов се родија две деца ќерката Миа и синот Маркус.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

Имено Мили во една прилика откри дека ја запознал Нина на многу интересен начин.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

– Во тоа време живеев во Ужичка, во голема вила од 3.000 квадратни метри, која беше резиденција на кинескиот амбасадор. Таму направив студио и простор за живеење, мојата спална соба беше 250 квадрати, само каминот беше шест метри. Имав и свој парк, обезбедување, некои француски новинари се шокираа, прашуваа кој може да живее од ваква музика во Србија. Еден пријател ми ја даде таа вила да ја користам, бидејќи финансиски му помогнав – изјави Мили.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

-Така на Нина и зборуваа за мене како крал кој живее во вила на Дедиње, а во моментот кога ја сретнав  престојував во трошно студио.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

Меѓутоа, кога ја здогледал Нина за прв пат заедно со нејзината пријателка, Мили вели дека „веднаш знаел дека е – тоа, тоа“.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

– Од моментот кога ја видов знаев дека еден ден ќе ми биде жена. Веќе следниот ден се враќала во Италија да учи. Веднаш им реков на овие пријатели: „Денот кога Нина ќе слета, морам да знам“. Шест месеци подоцна, таа се врати за Нова година и заедно ја поминавме новогодишната ноќ. И кажав дека ќе одиме на вечера утре, а потоа отидовме во кафуле каде што сакав јас да одам. Таму ја прашав дали има дечко, ми рече да. Веднаш и реков: „Види планот е овој: утре сабајле да му се јавиш и кажи му дека од вас нема ништо, дека не е тоа- тоа. Ќе се слушнеме околу пладне, ќе дојдам да те земам и  јас и ти нема повеќе да се разделуваме.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

– Нејзе ѝ беше смешно, но така беше, тоа ни беше второ видување во животот. Од тогаш до сега го имавме најсовршениот можен брак, да го нацртав немаше да биде така. Не можев да запознаам поубава и попаметна личност од неа. Таа повторно се врати во Италија шест месеци, а јас живеев во Монако три месеци годишно, каде што одевме заедно со автомобил, веднаш штом таа ќе се вратеше од Италија. Таму се веривме, а една година подоцна направивме голема свадба. Ќерката Миа се роди во 2006 година, а година и пол подоцна синот Маркус, кои оттогаш се центарот на нашиот универзум – изјави еднаш Мили за „Курир“.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close