Дом и семејство
Солзи радосници: Биљана Јевтиќ и Аца Илиќ споделија среќни вести- честитки пристигнуваат од сите страни
Иван го прослави својот роденден...
По цели 12 години борба за потомство Биљана Јевтиќ и Аца Илиќ го добија синот Иван кој се роди во 1999 година и е круна на нивната љубов.
Брачната двојка не крие дека тој им е целиот свет, па покрај работните обврски на прво место ги става потребите на синот.
Тие се посветени на своето единствено дете на кое се бескрајно горди. Иако е дете на познати и успешни родители, тој секогаш се трудел да живее скромно, а барем засега не го привлекува животот пред камерите, туку се посветил на студиите.
И покрај тоа што патот до потомство беше трнлив, сепак Аца и Биља не го разгалија својот син единец, напротив, го научија да ги цени вистинските вредности, да ги почитува постарите, да биде разумен и дека факултетот вреди злато.
Во согласност со тоа, Иван Илиќ тргна на вистинскиот пат, студира Правен факултет и е на прагот на магистратура. Тој е во хармоничен однос со родителите, размислува многу коректно, а семејниот дом е неговото скривалиште од сите проблеми и предизвици.
И покрај тоа што веќе е возрасен, синот на познатата естрадна двојка најголемата утеха ја наоѓа во прегратките на родителите, додека тој лично ја користи секоја прилика да им нацрта насмевка на лицата.
Наместо да биде опкружен со пријатели, Иван го прослави својот 23 роденден, поточно на полноќ, со родителите а ги дувна и свеќите на роденденската торта и со традиционална роденденска песна ги израдува родителите:
– Ќе почнеме со традиционална слика, па кој сака да честита, повелете – напишал наследникот на Биља и Аца, кој добил честитки од бројни пријатели и секако од многу девојки.
Биљана во една прилика откри дека Аца и таа подеднакво се вклучени во одгледувањето и воспитувањето на синот, но дека таа е построга. Исто така, славниот пар откри дека нивниот син е музички талентиран како неговите родители, но дека се уште не размислува да тргне по нивните стапки.
– Синот Иван порасна во момче, не е срамежлив, но не сака премногу да се експонира со нас. Музикален е, добро пее, кога беше помал учествуваше на некои натпревари, но поп не го интересира. Тој ќе избира што ќе прави, а сега најмногу го интересира историјата. Мило ми е што во налетот на квази-песните, мојот Иван слуша квалитетна музика, домашна и странска, без разлика на жанр. Има одлично уво, знае да процени кој добро пее или свири. Слуша и народна музика, знае многу авторски композиции. Верувајте ми, тој знае повеќе песни од татко му. Се случувало Аца да му се јави на телефон од настап и да го праша за одредена песна, како оди – откри пејачката.
– Ние сме обично семејство. Меѓутоа, времињата се такви што нормалноста е ставена во втор план и речиси сите копнееме по неа. Денес, ако нема разводи, скандали или тепачки, медиумите нема ни да ве погледнат, а ние не ни помислуваме да измислуваме такви работи за да бидеме „мегаексклузивни“. Впрочем, тоа би било против нашето воспитување и морал. На возраст сме кога ни треба мир – скромен беше Аца Илиќ.
Неодамна пак во медиумите имаше и вест дека нејзиниот син Иван ќе се жени, но пејачката ги демантираше ваквите вести.
– Морам да демантирам! Синот не се жени, ќе има веселби, но рано е за тоа. Тоа се празни приказни. Ја донел девојката на слава и за тоа веднаш се пишувало. После тоа ми се јавија пријателите да ме прашаат зошто го кријам бракот на син ми. Таман работа да кријам такво нешто, убаво и нормално е што сите ќе знаат кога ќе се случи. Мојот син моментално завршува факултет, се забавува и ужива, но ништо од свадба – открила пејачката.