Новости
СОВЕТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА МАЛА КУЈНА: Еве што треба да направите за да го искористите максимално просторот!
И малата кујна може да биде функционална доколку добро се организира просторот
Кујната е срцето на домот, па затоа најдобро е максимално и внимателно да го искористите просторот. Доколку имате помала кујна, секој сантиметар е важен, и мора добро да се осмисли.
Тони Хамерсли една од најпознатите дизајнери во својата книга „Добро организиран дом (Училишна книга, 2017 година)- наведува неколку корисни совети“ , кој се од суштинско значење за добро организирање на кујната.
Малкумина можат да се пофалат со пространи кујни, но верувајте и малата кујна со неколку трикови може да биде доволно голема и функционална.Прво правило е секаде каде што просторот дозволува, искористете да направите полици на кои ќе ставате одредени намирници кои ги користите за секојдневна употреба. Така добивате многу ефикасен детал кој при тоа ја разубавува кујната.
Висечките корпи се исто така пригоден детал и се многу корисни за чување овошје, лук и други намирници што инаку би стоеле на работната површина.
Под мијалникот може да направите фиока во која може да чувате многу корисни работи, како на пример, калапи за мали торти или мафини.
Како еден недостаток на малите кујни секогаш се посочува малата работна површина. Но и за тоа има решение. Во кујната може да поставите маса на тркала или фиокар, па така ќе добиете друга вредна работна површина и неколку нивоа, на кои можете да држите разни предмети. Кујнска маса закачена на ѕид е многу корисна работа за мали простори и е многу добро решение кога има недостаток на работни површини или места за јадење.
Колку и да е мала вашата кујна, веројатно би имало место на sидовите и полиците. Така доколку немате простор за тенџериња и тави закачете ги на ѕидовите, а за кујнски прибор можете да поставите перфорирана метална плоча со куки.
Ако ги закачите чашите на куки воедно ќе добиете и декоративен дел во кујната. Високите и тесните полици се исто така добра идеја за тоа.
Просторот под мијалникот вообичаено е многу тесен и преполн, затоа мора да го организирате добро и да тргнете се што не ви е потребно. Тука можете да складирате средства за чистење, крпи, сунѓери, ракавици … Добра идеја е, на пример, да поставите држачи што висат од внатрешноста на вратата. Тука може да ја ставите корпата за отпадоци, детергент за миење садови, а таблетите или детергентот за машината за перење може да ги чувате, на пример, во пластичен сад со капак.
Делот од слободниот ѕид, кој се наоѓа помеѓу горните и долните елементи, можете да го користите за полиците на кои ќе поставите дел од садовите или ќе ги закачите со помош на вградени куки. Ако сакате да направите дополнителен простор на работната површина, добро е да ја ставите микробрановата печка во некој од кујнските ормари.