Новости

Следува моќен астролошки период на големи промени за овие 4 хороскопски знаци!

Овој моќен астролошки период почнува од 28 јуни и ќе трае сѐ до јануари 2021 година

Марс ќе се најде во знакот Овен од 28 јуни. Тој претставува воин и борец за идеали. Кога ќе премине од заспаните Риби во енергичниот Овен, сѐ ќе се забрза на сите полиња.

Многумина ќе го направат она што го планирале во текот на претходниот период, а некои ќе паднат во замката на импулсивноста.

Марс во септември ќе тргне во ретроградно движење, па затоа ќе се задржи во овој знак до јануари 2021 година.

Емотивните односи на Терезиите и Овните ќе бидат на удар, додека Јарците ќе водат битки во домот и семејството, а Раковите ќе имаат жешка атмосфера на поле на работа и кариера.

Овие 4 знаци најмногу ќе го почувствуваат влијанието на овој астролошки транзит, а еве како овој период ќе влијае и на преостанатите знаци…

Овен
Подготвени сте за акција и забрзување. Ви се јавува желба за конкретни дела што можат да ви донесат конкретни придвижувања на поле на кариера и успех.

Бик
Може да се случи да имате несоница, да се грижите премногу и да правите некои планови во тајност. Какви грижи и да ве мачат, ќе мора да ја канализирате енергијата преку некоја физичка активност.

Близнаци
Сѐ се забрза прекуноќ. Поканите за кратки патувања се тука, комуницирате со многу луѓе истовремено, но со некои може да дојдете и до конфликт. Пријателите ќе ви замеруваат за многу работи, најмногу за недоследноста.

Рак
Подготвени сте да се борите за она што го сакате, особено на поле на кариера. Имате позитивен став и не се откажувате. Не им противречете на авторитетите.

Лав
Започнете нешто ново. Направете планови и тргнете во нивна разработка. Марс во Овен ви нуди шанса да ја победите мрзеливоста.

Девица
Либидото ви е на високо ниво. Спремни сте за авантури, но и за продлабочување на интимноста. Не позајмувајте пари од други.

Терезија
Се забрзува ситуацијата на поле на емоции и врски, па ако само што сте влегле во некоја врска, очекувајте брз развој на ситуацијата. Ќе бидете малку понапнати, особено кога се симпатиите во прашање.

Скорпија
Доколку постои некоја листа на обврски што морате да ја исполните, сега е вистинското време за тоа. Внимавајте на здравјето, можете да го нарушите со напорна работа.

Стрелец
Активно ви е полето на забави и врски, Марс ќе го покрене сето она она што е во доменот на овие активности. Некои ќе станат поактивни во разработката на креативноста, а некои ќе влезат во страсна врска.

Јарец
Можни се недоразбирања во семејството и во домот. Некој од родителите ви замерува многу и сака да го промените однесувањето.

Водолија
Во наредниот период размислете пред да проговорите. Можно е да реагирате импулсивно и ирационално, бидејќи сте испровоцирани од ситници. Присутна ви е нервна напнатост.

Риби
Ви расте самодовербата и имате повеќе верба во сопствените способности. Фокусирани сте на парите и на решавање некои финансиски проблеми.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close