Кафе муабет
Славната Елиф го прослави својот 13-ти роденден- погледнете во каква убавица порасна!
Најголемо внимание привлече тортата...
Изабела Дамла Гувенилир има само 13 години a веќе се прослави во светот. Нашата публика ја запозна по улогата на Елиф.
Младата актерка пред неколку дена го прослави својот 13-ти роденден, а видеото кое го сподели ги освои сите симпатии на социјалните мрежи.
Она што се издвои е тортата како и целата декорација на нејзината омилена книга и филм „Хари Потер“.
Под видеото кое за кратко време собра неколку илјади лајкови, имаше бројни коментари, честитки и убави желби.
Иако млада, Изабела се прослави со главната улога во оваа серија, со која и порасна. Долгата коса врзана во плетенки е нејзин заштитен знак. Иако на сликите кои ги споделува на социјалните мрежи не носи плетенки, таа остана препознатлива по негуваната долга коса.
Од нејзините фотографии можеме да видиме дека пораснала во вистинска убавица и дека ја чека сјајна кариера како актерка.
Инаку девојчето е родено во 2009 година во Њујорк. Нејзиниот татко е Американец, политичар и бизнисмен од Америка а нејзината мајка е од Турција.
На големата аудиција, таа ја доби улогата на Елиф. Имено, кога продуцентската куќа Грин Јапим ги започна подготовките за снимање на серијата „Елиф“, беше организиран кастинг за главниот лик. Беше неопходно да се најде девојка од седум до 10 години, која може да го извади тој лик. Откако повеќе од 100 девојки ги одиграа тест сцените, Изабела Дамла Гевенилир (Елиф) и Зејнеп (Тугче) останаа во потесниот избор.
-Многу сум среќна заради серијата, уживам кога одам на снимање. Секако, тука речиси го поминав моето детство. Сите мои млечни заби ми испаднаа, во една епизода имам еден заб, а во другата го немам. Но успевам да ги завршам и сите мои колски обврски на време. Одам на училиште, а по школото одам во студиото на снимање, домашното го пишувам кога ја чекам својата сцена. Имам многу слободно време додека чекам, па можам да ја завршам домашната задача, изјави Изабела тогаш во интервју за босанскиот магазин „Азра“.