Кафе муабет
СЛАВЕЊЕ: Јована Пајиќ сподели среќни вести!
Пејачката се разведе од Сале Тропико по 10 години брак...
Минатата година еден од настаните за кои постојано се пишуваше беше разводот на Јована Пајиќ и фронтменот на групата „Тропико бенд“, Александар Цветковиќ, попознат како Сале Тропико, ко по 10 години решија да стават точка на својот брак.
Тие важеа за еден од најскладните парови на естрадата, но сепак донесоа одлука да се разделат но и да останат пријатели.
Оттогаш, секој нивни потег го привлекува вниманието на јавноста. Животот го продолжија одвоено, а Јована стана поредовна на социјалните мрежи.
Така таа пред два дена покажа дека овој датум за неа е многу важен поради една причина – нејзиниот пријател, актер и дизајнер Владимир Ниќировиќ славеше роденден.
Пајиќ му честиташе со заедничка фотографија на својата инстаграм приказна, со роденденска песна.
Се чини дека Јована Пајиќ е добра пријателка и се грижи за датумите.
За потсетување, неодамна еден од нивните соседи откри дека бил изненаден од веста дека парот се разведува.
– Го прочитав тоа во весникот, баш и не го очекував. Секогаш кога ги гледав беа насмеани, со своите ќерки и кучиња. Морам да признаам дека ги немам видено во последно време, пред неколку недели ја видов Јована кога излезе да ги шета кучињата, но не сум ги видела после тоа. Го видов Сале наваму-натаму пред блиската пекара – раскажува нивната соседка.
Истата личност откри дека пред повеќе од два месеци слушнала дека Сале и Јована се разведуваат, што значи дека тоа долго време успеале да го кријат од јавноста.
– Тоа го слушнав од пријател, не би сакал да зборувам што и како, но има врска со децата. Генерално, очигледно трае подолго отколку што се знае, а признаа дека е веќе покрената и бракоразводна парница, па јасно е дека нивната врска одамна не е како што треба. Жал ми е, тие беа многу убав пар, но знаат што е најдобро за нив – заклучила сосетката.
Имено, многу се шпекулираше за причината за нивниот развод, а познато е дека пред конечно да одлучат дека е крај отишле кај психотерапевт со желба да се обидат да го спасат бракот. Сепак, не успеаја.
Јована и претходно за медиумите изјави дека редовно одат на терапија за да ја подигнат врската на повисоко ниво, а во една прилика истакна дека тоа им е потребно.
– Сале ме поддржува во се, не е љубоморен, од овие детски болести боледуваме одамна. Никогаш не го проверувам, ниту тој ме проверува мене, имаме здрава врска. На сите им треба психотерапија, вклучително и мене и Сале – изјави таа во 2018 година.
Таа потоа откри зошто побарале помош од експерт.
– Немаме никакви конкретни проблеми, отидов од љубопитност бидејќи мислев дека држам се под контрола и наидов на некои работи кои беа затворени во црна кутија и навистина пораснав како личност благодарение на тие терапии. Јас и Сале со помош на професионалец полесно го решаваме проблемот со напорното темпо на живот, неостварувањето на некои работи, односот со пријателите, семејството. Тоа се работи за ментална хигиена – објасни тогаш Јована, која очигледно не сакалa да открие јавно дека има кризи во бракот со Сале.
Познатата двојка важеше за една од најубавите парови во регионот, но сега и двајцата ги потврдија наводите дека ставаат крај на бракот со напомена дека ќе останат во добри односи пред се поради децата.