Кафе муабет
Славење во замокот на Драгана Мирковиќ: Тони Бјелиќ најсреќен- честитки пристигнуваат од сите страни
Тони го прослави роденденот...
Тони вчера славеше роденден, а пејачката по тој поводот на својот „Инстаграм“ објави фотографија од семејниот дом каде сопружниците позираат прегрнати.
Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се заедно повеќе од три децении и нивниот хармоничен брак може да послужи како пример за сите.
Драгана и Тони успеаа да ја зачуваат својата хармониа и нивната љубов успеа да ги надмине сите предизвици.
Малкумина знаат како всушност Тони ја запроси пејачката. Имено овој бизнисмен ја запроси познатата пејачка, ни помалку ни повеќе, туку на семафор додека чекаа зелено светло и тоа е она што пејачката го издвојува како посебен момент од нивната љубовна приказна.
Сепак, нивната малку необична приказна е вистински доказ дека браковите кои започнуваат на необичен начин понекогаш се подолготрајни од оние со класични романтични приказни. Во нивниот дом во близина на Виена изградија семејно гнездо во кое живеат бајковит живот со нивните деца Марко и Мануела, а специјално украсен за новогодишните празници, секој агол на замокот Ебенфурт сега зрачи со посебен сјај.
Иако Драгана важи за личност која никогаш не ја споделила својата приватност јавно, ретки се моментите кога можеме да сирнеме во нивната оаза на мирот, а сега реши да направи исклучок, бидејќи тоа е важен датум за целото семејство.
Имено, Тони, нејзината најголема љубов и поддршка во животот, вчера славеше роденден, а пејачката по тој поводот на својот „Инстаграм“ објави фотографија од семејниот дом каде позира во прегратките на Тони.
– Среќен ти роденден љубов моја – напиша балканската дива и му посака најубави желби, а на честитките се придружија и армија нејзини обожаватели кои им посакаа долготрајна љубов.
Драгана доби и низа пофалби за нивниот дом кој е бајковито украсен оваа година. Пејачката како и секогаш се погрижила за секој детал а најмногу комплименти доби елката.
Драгана Мирковиќ детално покажа како го украсила замокот во Виена, каде живее со сопругот Тони Бијелиќ.
Во нивниот дом во декември традиционално се е во духот на празниците, бидејќи семејството ги слави сите празници.