Кафе муабет

СЛАВЕЊЕ ВО ДОМОТ НА ПРИЈОВИЌ: Честитки пристигнуваат од сите страни- голем повод за прослава!

Синот Александар наполни 3 години...

Пејачката Александра Пријовиќ вчера заедно со сопругот Филип Живојиновиќ го прослави третиот роденден на нивниот син Александар.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

По тој повод, Александра и Филип организираа роденденска забава, која до најситен детал беше украсена со мотиви на неговите омилени ликови од цртаните филмови, така што нивниот миленик уживаше во вистинска бајка.

фото инстаграм/принтскрин

На забавата присуствуваше и пејачката Илда Шаулиќ, која го сними емотивниот момент кога малиот Александар ги дува свеќичките на својата роденденска торта. Меѓу гордите родители беа и бабите и дедовците Лепа Брена и Боба Живојиновиќ. Целиот простор беше украсен со балони, а покрај славеникот стоеше никој друг туку Мики Маус.

фото инстаграм/принтскрин

Покрај украсите, грижливата мајка за својот син одбрала и специјална торта на која беа ликовите од Мики Маус, Мини Маус, Паја Патак и други весели пријатели.

фото инстаграм/принтскрин
фото инстаграм/принтскрин

Веднаш откако се разбудил Александар почнал да отвора грст подароци, а судејќи по видеото, Живојиновиќи успеале да го воодушеват синот.

фото инстаграм/принтскрин
фото инстаграм/принтскрин

Сака ќерка со Филип

Иако многу се шпишуваше дека парот се разведува сепак пејачката пред извесно време изјави дека тие никогаш не биле пред развод.

фото инстаграм/александра пријовиќ

„Јас сум човек кој многу брзо пламнува, но и брзо се смирувам. Филип секогаш ме нервира кога ќе ме брза, а мене како и секоја жена ми треба уште малку време да се средам. Се расправаме за тоа и јас секогаш му велам дека ништо не значи тоа ако задоцниме некаде 10 минути. Филип секогаш прв попушта, не можам да се расправам со него, затоа што ме остава да се расправам сама со себе и потоа на убав начин ми објаснува што сакал да каже. Од друга страна син ми Александар како и секое дете е непослушен и тврдоглав. Иако му велам дека треба да руча и дека ќе добие чоколадо затоа што е љубител на слатки, кај него нема договор.Таков е за се. Кога е толку тврдоглав не му давам, чекам да заборави и го залажувам“, вели Александра за „Блиц“ и открива кој е построг родител.

фото инстаграм/александра пријовиќ

„Понекогаш Филип е послаб на синот, а некогаш јас. Строга мајка сум и викам. Мора да бидам таква“, вели пејачката која во последно време ја слуша приказната дека таа и Филип се разведуваат.

фото инстаграм/александра пријовиќ

“Тие приказни не ме погодуваат, бидејќи знам дека не е така. Никогаш не сме биле пред развод. Најмногу ме нервираат ситуациите кога ќе испаднам коректна кон некого, а потоа се преминуваат границите “. Избрав ваков живот и кога започнував кариера го посакував сето ова. Ова е моја работа и немам приватност – вели Пријовиќ, која би сакала да има ќерка со Филип.

фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close