Кафе муабет

Скоро 20 години постара! Брена и Боба беа ОЧАЈНИ: Оваа ПОЗНАТА ПЕЈАЧКА е ПРВАТА ЉУБОВ на Виктор Живојиновиќ (ФОТО)

Сека е неговата прва љубов...

Помладиот син на Лепа Брена е познат по бурниот љубовен живот, а првата љубов на Виктор Живојиновиќ сега и е позната на широката публика по неговата објава на социјалната мрежа „Инстаграм“.

фото инстаграм/Лепа Брена

Иако 17 години постара, пејачката го маѓепса синот на Брена и тој реши на сите да им го открие името на дамата на која беше слаб, па како седумгодишно момче дури и испраќаше љубовни писма.

фото инстаграм/Лепа Брена

– Мојата прва љубов. Сека Алексиќ – напиша Виктор со заедничка фотографија на која цврсто ја гушка Сека и јасно стави до знаење дека периодот на љубовта од детството ќе му остане во драго сеќавање.

Популарната пејачка уште во 2005 година за време на едно ТВ гостување изјави дека Виктор е заљубен во неа и дека таа му е идол.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Лепа Брена веројатно сега не гледа и морам да му испратам огромен бакнеж на нејзиниот син Виктор, кој ме обожава и е заљубен во мене. Цело време ми испраќаше љубовни писма. Ми нацрта зајак, куќи и срце. Повеќе пати. Го поздравувам и му кажувам дека го сакам и обожавам и дека наскоро ќе се видиме – му рекла Сека на седумгодишниот Виктор.

Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

Инаку Виктор е познат по бурниот љубовен живот, па така синот на Лепа Брена по раскинувањето со шминкерката Сандра Миљаковиќ до неодамна не објавуваше други девојки во јавноста, но пред извесно време откри дека повторно е заљубен.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Во јули минатата година Виктор Живојиновиќ ја раскина двегодишната врска со манекенката Сандра Миљаковиќ и сакаше извесно време да биде сам. По неколку месеци му се случи нова љубов – рече близок пријател на Виктор и открива каде синот на Брена ја нашол својата нова девојка.

Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

Да потсетиме, Виктор е најмладиот син на Боба и Брена а од родителите доби вреден недвижен имот, во населбата Вест 65 во Нов Белград кој вреди околу 700.000 евра.

Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

– Виктор се всели во станот, иако не е целосно уреден. Се заразил со корона, па решил да се изолира во новиот стан. Планирал на лето да ја напушти семејната вила на Бежанијска коса, но поради короната решил порано да ги спакува куферите. Не му пречи што работите се уште се во тек бидејќи не оди никаде. На негова адреса се доставува храна, а тој се слуша со мајка му и татко му неколку пати на ден – вели извор близок на Живојиновиќ.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Изворот близок на семејството неодамна за Информер.рс откри како изгледа новиот стан на најмладиот Живојиновиќ и кои ќе му бидат првите соседи:

Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

– Брена и Боба избраа стан од 140 квадрати за Виктор, за кој платија дури 700.000 евра! Интересно е тоа што, тие ќе му бидат првите соседи! Брена и Боба си купиле стан на ист кат. За разлика од Виктор, двајцата нема да брзаат да се преселат. Веројатно следната година ќе се преселат во новиот стан, завршува изворот.


Бидејќи подолго време се шпекулира за новата љубов на Виктор, можно е најмладиот наследник на Боба да сакал да се осамостои па во иднина и да стапне на лудиот камен.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close