Кафе муабет

Скарлет Јохансон и нејзиниот трет сопруг го очекуваат нивното првото дете!

Таа реши да не се појавува многу во јавноста и да ја држи својата бременост во тајност...

Познатата холивудска актерка, препознатлива по филмовите, Ghost World, Lost In Translation и Girl With A Pearl Earring кои го направија отскокот на нејзината кариера откако реши повторно да си ја проба среќата и по трет пат да облече венчаница сега има голема прична за славење.

Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson
Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson
Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson

Имено Скарлет Јохансон и нејзиниот сопруг Колин Јост наводно го очекуваат своето прво заедничко дете.

Актерката од Црната вдовица, која веќе е мајка на шестгодишната ќерка Роуз од претходниот брак со поранешниот сопруг Ромен Дауриак, како што пишуваат странските медиуми е бремена, а бебето ќе дојде „наскоро“.

Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson
Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson

Извор за Page Six изјави дека 36-годишната Скарлет “е бремена, но веста ја држеше настрана од јавноста. Таа реши да не се појавува многу во јавноста и да ја држи својата бременост во тајност.

Друг извор изјавил дека Скарлет и Колин кои тајно се венчаа во октомври 2020 година, откако првпат започнаа да се забавуваат во 2017 година, се „воодушевени“ од веста.

Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson
Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson
Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson

Прво почнаа да се вртат гласини дека глумицата номинирана за Оскар е бремена во јуни, откако беше забележано дека не прави многу промотивни настапи за нејзиниот нов филм.

Изворот додаде: „Таа не правела многу интервјуа или настани за промовирање на Црната вдовица, што е изненадувачки бидејќи станува збор за огромно издание на Марвел / Дизни, а таа е ѕвезда и извршен продуцент“.

Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson
Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson

Скарлет правеше само промотивни настапи за Црна вдовица од далечина преку Зум.

Единственото неодамнешно интервју на Скарлет во емисијата The Tonight Show Starring на Џими Фалон беше минатиот месец но актерката беше снимана од височина.

Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson
Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson

Суперѕвездата и нејзиниот сопруг Колин ја крунисаа својата љубов со брак во октомври минатата година.
Имено актерката која во неколку наврати беше избрана за најсекси и најубава жена, зад себе има два брака кои завршија неуспешно.

Ова е нејзин трет брак. Претходно беше во брак со францускиот новинар три години до 2017 година, а пред тоа беше во брак три години со актерот Рајан Рејнолдс.

Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson
Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson

Ова ќе биде првото дете на писателот Колин.

Фото: Инстаграм/ Scarlett Johansson

Според гласините се чини дека актерката овој пат ја пронајде оаза на мирот во прегратките на Колин Јост но колку ќе трае бракот ќе видиме со текот на времето.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close