Кафе муабет
СКАНДАЛ: Мили ја изневерува сопругата со оваа водителка- и праќа непристојни пораки, нуди релаксирање…
Се уште не се огласија по овие написи...
Александар Милиќ Мили е во центарот на скандалот откако се дозна дека композиторот наводно и праќал пораки на Јована Јеремиќ, а сето тоа било разоткриено за време на утринската програма кога бил фотографиран телефонот на водителката.
Имено, Мили и неговата сопруга Нина со години важат за еден од најскладните парови на домашната естрада, но по пораките кои се појавија во јавноста нивниот брак би можел да биде загрозен.
Имено, на социјалните мрежи одекна веста дека пејачот и композитор наводно ја изневерува жена си со контроверзната водителка.
Се започна кога телефонот на водителката Јована Јеремиќ беше фотографиран за време на емисијата „Викенд утро“, а кога фотографијата беше зумирана во инбокс, меѓу првите се најде и пораката за која се мислеше дека е на Мили, поради името и сликите кои неодоливо потсетуваат на него.
– Или можеби спа ако сакате да се опуштите… Многу нудам, не вреди – стоеше во пораката, а набрзо следеа коментари :
„Дали овој Мили од Милиграм е фатен на дело како ја изневерува жена си со пресветата Јована Јеремиќ, која е позната како личност која јавно открива љубовни афери и самата се вклучи во тоа.
da li je ovo mili iz miligrama uhvaćen na delu kako vara ženu sa presvetom jovanom jeremić poznatu kao osoba koja javno razotkriva ljubavne afere a sama se uplela u istu i usrala se sama sebi u usta https://t.co/IgzNu6WNcJ
— MONYY (@montanaxyz) May 4, 2022
Пред неколку дена Јована откри дека има ново момче.
На ваквите написи одговори Мили…
– Еве, ме насмеавте. Мојот профил на таа мрежа не изгледа така. И профилот и преписката се лажни. Со Јована немам никаков контакт, ниту сум го имал некогаш. Во Турција сум и уживам, правам песни за новиот Милиграм каде ќе пеат најголемите ѕвезди – изјави Мили.
За ова за Informer.rs проговори и Јована Јеремиќ која објасни кој е нејзиниот Мили:
– Демантирам, не е во прашање никаков Мили од Гранд, туку мојот пријател кого го викам Мили. Не ги пишувам луѓето во телефонот по име и презиме, туку по тоа што ми значат и како се чувствувам за нив. Значи ова е целосна лага, не сакам да правам проблеми, никогаш не одам со женети мажи. Не знам на кого му текнало да го идентификува Мили со Гранд но вистината е дека Мили од Гранд и мојот Мили навистина личат, и двајцата се ќелави, но дека контактирав со него не е вистина…
Водителката на најгледаната утринска програма пред неполни два месеци се разведе од политичарот Воислав Милошевиќ, а сега е полна со планови за иднината.
– Се мажам! Секако дека не бегам од тоа, имам само 31 година. Млада сум и имам време многу пати да застанам на лудиот камен. Јас сум жена која привлекува моќни мажи. Еден мој пријател вели: „Јована Јеремиќ е симбол на моќта“, па со мене можат да се справат само моќници. Едвај чекам да ја официјализирам врската со мојот крал, за да владееме заедно – изјави Јована пред неколку дена за Информер и додаде:
– Нема да зборувам за мојот партнер во медиумите додека не дојде време да се омажам. Во моментов духовно се чистам и се трудам да бидам коректna во секоја смисла бидејќи се придржувам до големиот велигденски пост. Кога ќе заврши Велигден, се надевам дека ќе го запознаам човекот на мојот живот – изјави водителката.