Кафе муабет

Сите ја очекуваа нејзината реакција: Конечно се огласи Сања Кужет по скандалот во “Ѕвездите на Гранд”- откри се за Снежана Ѓуришиќ

Застана во нејзина одбрана...

Аферата „мито во Ѕвездите на Гранд“ се уште не стивнува а медиумите се преплавени со изјавите на Снежана Ѓуришиќ, која јавно беше обвинета од Душан Вукадиновиќ дека барала пари од неговата мајка за да помине во следниот круг.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

Колегите масовно ја бранат Снежана и се згрозени што некој е подготвен да сквернави нечие повеќедецениско дело, посебно Ѓуришиќ, која е една од најпопуларните пејачки на народна музика во регионот.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

Јавноста со нетрпение ја очекуваше реакцијата на водителката Сања Кужет, која по подолго време молчење и испрати поддршка на пејачката и откри како се чувствува Снежана во овие не толку добри денови за неа:

фото инстаграм/Сања Кужет

– Секако дека жената се потресе, и секој нормален човек би бил вознемирен. Со оглед на тоа дека Снежана има кариера и многупати се докажала како човек, мислам дека тоа на било кој начин не ја загрозило. Сите ја поддржувавме, јас лично ја поддржав, мислам дека е сосема колегијално и во ред. Апсолутно можам да потврдам дека за сите овие години работа во Ѕвездите на Гранд, кредибилитетот на ова натпреварување никогаш на ниту еден начин не е изнесен на виделина, ниту пак овој пат – изјави Сања.

Фото Инстаграм/ Сања Кужет

Сања вообичаено не коментира се што се случува меѓу членовите на жирито, но овој пат сакаше да застане во одбрана на Снежана Ѓуришиќ, кон која има голема почит.

Фото Инстаграм/ Сања Кужет

Снежана, но и членовите на продукцијата во оваа прилика се огласија и остро го демантираа Вукадиновиќ, а сега и Ѓорѓе Давид прозборе за својата колешка и откри дека пејачката не се справила добро со обвинувањата против себе.

ФОТО: Ѓорѓе Давид / Инстаграм

– Жал ми е за Снежана и не можам да коментирам за деб.или. Болните родители, кои своите проекции за неостварените животни соништа ги проектираат на своите деца, кои се истовремено и талентирани, па прават идиоти од нив и тие деца сè уште веруваат дека нивните родители знаат подобро. Господ нека им е на помош – рече Давид и откри како се чувствува Снежана по скандалот:

ФОТО: Ѓорѓе Давид / Инстаграм

– Снежана не е добро, сето тоа многу тешко го издржа, бидејќи само некој што не може спортски да се помири со пораз може да обвини некој што сериозно заработил во животот дека бара пари.

ФОТО: Ѓорѓе Давид / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close