Кафе муабет

Сите очи беа вперени кон неа: Најубавото издание на Јелена Ѓоковиќ- оваа комбинација е полн погодок

Го носи најмодерното здолниште...

Јелена и Новак Ѓоковиќ каде и да се појават се во центарот на вниманието, па така беше и овој пат.

фото Твитер

Во вторникот парот го посети Саемот за образование и штандот на Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија, а нивниот изглед ги воодушеви присутните на овој настан.

фото Профимедиа

Двојката беше одлично расположена и подготвена за дружење и муабет, а присутните не можеа а да не го забележат фантастичното модно издание на г-ѓа Ѓоковиќ.

фото принтскрин/инстаграм

Стилот на Јелена често пати е главна тема во медиумите- додека дел од јавноста смета дека таа е брилијантно стилизирана, некои тврдат дека ѝ недостига иновативност и креативност во стилот.

фото принтскрин/инстаграм

Мислењето секогаш ќе биде поделено, но нема сомнение дека Јелена Ѓоковиќ вчера се појави во совршена комбинација, едноставна, елегантна и софистицирана.

фото принтскрин/инстаграм

Изгледа дека Јелена е верна на деловниот стил кога станува збор за важните прилики, па така беше и овој пат – и навистина не погреши.

фото принтскрин/инстаграм

За оваа прилика таа се одлучи за сиво здолниште- миди должина, украсено со дупли сребрени копчиња, поради а го комплетирала со едноставна, светло сина кошула.

фото принтскрин/инстаграм

Ова издание Јелена го збогати со интересен, скап накит – рачен часовник со црно кожено ременче,  нараквици и комплет ланчиња и обетки со светкави цветови.

фото принтскрин/инстаграм

Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините чевли – сандали во боја на кожа, со отворена и помала потпетица, многу префинети и лесни за комбинирање, а визуелно ја издолжуваат ногата.

Фото Ata Images

Големо внимание Јелена Ѓоковиќ предизвика и на венчавката на најмалиот брат на Ноле, Ѓорѓе и Сашка Веселинов.

Фото Ata Images

Свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, најмалиот од браќата Ѓоковиќ се одржа минатиот месец во црквата Свети Марко во Белград, а за таа голема пригода се собра целото семејство.

На големата венчавка беа присутни Новак и Јелена Ѓоковиќ, кои беа придружувани од своите деца синот Стефан и ќерката Тара.

Фото Ata Images

На свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ пристигнаа и родителите, Дијана и Срѓан, како и неговиот брат Марко, а Новак и Јелена беа забележително расположени, особено Јелена која не можеше да ја тргне насмевката од лицето.

Фото Ata Images

Јелена за оваа пригода избра бела кошула и крем панталони, додека Тара и Стефан беа во најелегантните комбинации во кои сме ги виделе досега.

Семејството Ѓоковиќ славеше два дена па за вториот ден од прославата, Јелена се одлучила за минијатурен фустан во крем нијанса од пријатен материјал, кој се покажал како идеално решение за оваа добра и опуштена забава, а во еден момент дури и се качила на столче каде нејзиниот ведар дух дошол до полн израз.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close