Кафе муабет

Сите на куп: Се слави во домот на Ѓоковиќ, Јелена ја засени невестата- во вакво издание ретко ја гледаме!

Не ја тргна насмевката...

Свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, најмалиот од браќата Ѓоковиќ се одржа денеска во црквата Свети Марко во Белград, а за таа голема пригода се собра целото семејство.

Фото Ata Images

На големата венчавка беа присутни Новак и Јелена Ѓоковиќ, кои беа придружувани од своите деца синот Стефан и ќерката Тара.

Фото Ata Images

На свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ пристигнаа и родителите, Дијана и Срѓан, како и неговиот брат Марко, а Новак и Јелена беа забележително расположени, особено Јелена која не можеше да ја тргне насмевката од лицето.

Фото Ata Images
Фото Ata Images

Јелена за оваа пригода избра бела кошула и крем панталони, додека Тара и Стефан беа во најелегантните комбинации во кои сме ги виделе досега.

Фото Ata Images

Венчавката се одржа во црквата Свети Марко

Црковната венчавка е само првиот дел од бракот на Ѓорѓе и Сашка, а се очекува тие да застанат и пред матичар.

Фото Ata Images

Венчавката на Ѓорѓе Ѓоковиќ будно ја следи целата јавност, а додека Белград беше избран за дестинација за овој голем чин, венчавката потоа треба да се одржи во Црна Гора.

Денеска црквата беше главната сцена на изразување на љубовта.

Фото Ata Images

Како што може да се види од фотографиите кои ги објавија тамошните медиуми, невестата носи прекрасна долга бела венчаница, а Ѓорѓе се одлучи за класичен костум за младоженец.

Свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ помина во интимна атмосфера, меѓу најблиските беа пријатели и семејството од двете страни. Дијана и Срѓан Ѓоковиќ како горди родители беа особено среќни.

Фото Ata Images

Да потсетиме, пред неколку дена најмладиот брат на најпознатиот тенисер Ѓорѓе Ѓоковиќ ја побара својата девојка да му биде жена.


По запросувањето, парот откри дека убавата русокоса е бремена.
Сашка и Ѓорѓе веќе подолг период живеат заедно:

фото инстаграм/Сашка Веселинов

– По еден месец врска се вселивме во заеднички стан, па немаше криење, но што се однесува до медиумите, немаше потреба да се експонираме.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Верувам дека кога некој премногу ја покажува својата врска, кога пишува цитати и ја изразува својата љубов на социјалните мрежи, не е тоа,тоа. Не ми треба такво нешто, затоа што љубовта ја живеам дома. Значи, додека не не фативте, не знаевте.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Многумина шпекулираа како новата снаа на Ѓоковиќ се вклопила во семејството и каков е односот меѓу Јелена Ѓоковиќ и Сашка Веселинов. Заносната русокоса сега реши да открие се.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

– Не може да ме погодат приказните за нашиот конфликт бидејќи навистина имаме добри односи. Одиме и на патување сите заедно и со децата. Ги обожавам нивните деца и тие ме обожаваат мене.
Штом се запознавме, некако кликнавме и сме вистински пријатели. На една неодамнешна прослава го грабнавме микрофонот затоа што сите пред нас го направија тоа и јас реков: „To mi nije trebalo. Знаеш, знам, добро, ќе го направиме тоа“. Значи, навистина имаме одличен однос, истакна Сашка за Телеграф.рс.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close