Дом и семејство
СИТЕ МЕ НАВРЕДУВАА, БЕВ МНОГУ ТАЖНА! Помалата ќерка на Карлеуша мина низ тортура, Ника откри се за најтешкиот период! (ВИДЕО)
Минувала низ тежок период...
Помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника Тошиќ е многу актуелна помеѓу нејзините врсници.
Таа од мали нозе е посебна и единствена, а пејачката во неколку наврати истакна дека отсекогаш Ника била заинтересирана за спортот и науката, како и дека не е премногу среќна кога треба да се слика за медиуми.
Сепак, ситуацијата е нешто поинаква со социјалните мрежи, каде Ника е вистинска ѕвезда.
Таа доста време минува на Тик-Ток каде што редовно со својата армија обожаватели споделува интересни видеа, а посебно внимание привлече едно видео со неа во главната улога, каде искрено зборуваше за навредите и тешкиот период низ кој минувала.
Имено, Ника Тошиќ сака фудбал и сака да оди по стапките на нејзиниот татко Душко, што не е чудо ако се земе предвид колку тој е успешен во тој спорт, меѓутоа, пред да реши да тренира фудбал, таа се испробала и во одбојка, каде имала прилично лошо искуство.
Јелена Карлеуша своевремено на својот Инстаграм сподели за што се работи, а фактот дека тинејџерката се соочила со навреди на сметка на нејзиниот физички изглед и вишокот килограми растажи многумина.
– Сите ме навредуваа кога почнав да играм одбојка, бидејќи бев дебела. Требаше да ослабам. Ништо не им кажав, тагував… Реков „добро“, држев диета, ослабев 12 килограми. Потоа повторно се здебелив – искрено раскажала помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ и открила дека имала разговор со мајка си, која во таа прилика и го дала најдобриот совет:
– Па нема да го кажеш тоа, дека си се здебелила – додала Карлеуша и открила дека нејзината ќерка ги надминала сите навреди, па среќна и задоволна продолжила по стапките на својот татко.
@dragicadragojevamakica♬ original sound – Dragica Krasavcevic
Слободно може да се каже дека наследничките на Душко и Јелена се миленички меѓу нивните врсници.
Имено Ника тоа го докажува на својот профил на Тик Ток каде има бројни следбеници а добива и многу позитивни коментари за своите објави.
Да потсетиме, Јелена и нејзиното семејство живеат во луксузна вила на Дедиње, која пејачката ја реновираше по нејзин вкус, а величествената зграда претходно му припаѓала на Драган Стојковиќ Пикси, од кого ја купиле во 2018 година и за неа искеширале 2,5 милиони евра.