Кафе муабет
СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА РАЗВОДОТ НА КАРЛЕУША И ТОШИЌ- Еве што мисли за неа мајката на Душко: Откриени непознати детали
Тие се почитуваат...
Како бомба одекна веста дека славниот пар Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак.
Популарната пејачка се огласи на Инстаграм и ги откри причините кои довеле до нивниот развод.
Мајката на Душко Тошиќ, повлечена вдовица, која ретко го напушта селото Орловат кај Зрењанин, е голема мистерија за локалната јавност. Фотографирана само неколку пати и секогаш придружувана од својот син, таа речиси никогаш не се огласила за медиумите, а она што најмногу ја интересира јавноста е каков однос има со снаата Јелена.
Познато е дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се омилена тема во домашните медиуми. За тоа што се случувало во нивниот дом и какви биле односите зад четирите ѕида се пишува секојдневно.
Токму од тие причини многумина се прашуваат како сите тие написи во весниците влијаат на мајката на Душко, Николета, скромна, повлечена жена која својот мир го цени пред се.
Мајката на Душко Тошиќ избра да не се исели од Орловат, и покрај големата популарност и богатство на нејзиниот син, каде што живееше мирно со сопругот и одгледа две деца. Сепак, дури и во едно гратче во близина на Зрењанин, сите знаат дека нејзината снаа е Јелена Карлеуша, а што навистина мисли Николета за неа, и по речиси четиринаесет години, колку што време Јелена и Душко се во брак, не и е познато на јавноста.
Меѓутоа, она што малкумина го знаат е дека Јелена деновите по смртта на нејзината мајка, кога Душко беше отсутен поради деловни обврски, ги поминала во куќата на нејзината свекрва и дека и пружила огромна поддршка кога починал нејзиниот сопруг Милорад.
Нема ништо од помирувањето…
Неодамна пак во јавноста излезе веста дека парот решил да и даде нова шанса на љубовта. Како што пренесува Стар, наводно пејачката и фудбалерот решиле да му дадат уште една шанса на бракот, а за се е виновна сестрата на Душко, Катарина. Таа постојано била во контакт со Јелена и често воделе долги разговори за се.
Сестрата на Тошиќ е многу блиска и со нејзиниот брат и со снаата, па сфатила дека и двајцата избрзале со одлуката за развод, поради што ја договорила ситуацијата Душко и Јелена повторно да разговараат за се.
„Катарина го чекаше Душко да се врати од Дубаи каде што беше на одмор. Долго разговараа и таа му рече дека треба да разговара со Јелена и дека за доброто на децата треба да се обидат да ги решат несогласувањата што ги имаат. Така беше, Душко се јави кај Јелена дека ќе дојде во вилата на Дедиње да ги види децата и и рече дека би било убаво да биде дома за да ручаат сите заедно како семејство.
Атина и Ника особено се израдуваа, а како одминуваше денот, Душко и Јелена почнаа да разговараат за проблемите што ги имале во бракот. Се уште ништо не е конечно, но се договориле да направат пауза од поднесувањето документи за развод и да видат како ќе функционираат во блиска иднина“, вели извор близок до семејството Тошиќ.
„Душко сега е во Белград и се повеќе време поминува во вилата на Дедиње, која ја купија пред три години од Пикси. Засега се е во најдобар ред, нивните ќерки се најсреќни што повторно се сите заедно и сестрата на Тошиќ е исто така задоволна бидејќи е заслужна за нивната повторна средба. Душко се врати во куќата и сега спие таму“, завршува изворот.
Покрај тоа, Карлеуша се појави среќна и задоволна на роденденот на Милица Павловиќ и на новинарско прашање како се чувствува како слободна жена, таа со насмевка на лицето рече: „Не сум сингл, не сум разведена жена. ”