Дом и семејство

Сите зборуваат за промената која ја направи Хана Хулиќ: Се породи пред осум месеци а сега изгледа неверојатно

Доби низа комплименти...

Русокосата Хана Хуљиќ, сопругата на Петар Грашо ги воодушеви сите откако сподели фотографии на социјалните мрежи. Сите коментираат дека Хана изгледа одлично само осум месеци по породувањето.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Младата мајка која пред осум месеци ја роди ќерката Алба ги сруши сите стереотипи. Наместо темни кругови под очите кои укажуваат на непроспиените ноќи, и коса врзана во пунџа, Хана Хулиќ блесна со фенирана коса и лесна шминка која е нејзин заштитен знак.

фото принтскрин/инстаграм

Можеме да забележиме позитивна промена кај Хана Хуљиќ, бидејќи младата мајка сакала да ја освежи фризурата.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Долгата руса коса ја промени со шатирани прамени а препознатливите природни локни ги замени со холивудски.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Дека и годат бракот и мајчинство, јасно се гледа од широката насмевка на нејзиното лице. А со промената која решила да ја направи освои многу симпатии.

фото принтскрин

Да потсетиме, Хана и Грашо според хрватските медиуми, на 17 февруари во Сплит, направија крштевка на ќерката Алба во строга тајност додека два дена по свечениот чин, на 19 февруари, приредија голема забава по овој прекрасен повод.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Прославата беше организирана во ресторанот „Адриатик“ во Суштипан, каде што минатата година Петар Грашо и Хана Хуљиќ ја прославија својата венчавка, а на овој важен датум решија да го крстат своето бебе.

фото инстаграм/Петар Грашо

Според упатените, се било организирано на највисоко ниво, а на прославата на која се очекуваше да има над 200 гости, присуствувале членовите на семејството и пријателите, како и многу познати личности, меѓу кои и пејачот Јошко Чагаљ Џоле ​​и ѕвездата Јелена Розга, објави „24 сата.“

фото инстаграм/Петар Грашо

.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close