Кафе муабет

Сите зборуваат за “ПРАДА” обувките на Ана Севиќ: Чинат 850 евра а ние ги носевме како деца!

Има стил...

Ана Севиќ е целосно посветена на семејството. Секој слободен момент пејачката го поминува со трите деца и сопругот Даниел Недељковиќ.

фото инстаграм/ана севиќ

Семејството има стан во белградската населба Шумице, а сега беа фатени како се подготвуваат да заминат на кратко патување со автомобил.

фото инстаграм/ана севиќ

Ана беше без шминка облечена во летен стил, а во нејзината комбинација доминираа гумените сандали „Прада“ чија цена е неверојатни 850 долари.

фото принтскрин

Станува збор за гумени сандали на платформа кои Прада ги промовираше во својата летна колекција Tropico.

фото принтскрин

Гумените сандали се многу лесни иако изгледаат масивно и се направени од пенагума со висина на потпетица од 5 см. Можете да изберете од црна, бела, сива, жолта, сина, розова и зелена боја. Тие чинат 850 евра а Ана со оглед на тоа што има три деца и како што сама откри дека постојано трча по нив сигурно го направила вистинскиот избор барем кога станува збор за удобноста.

фото Курир.рс

Како вистински грижливи родители, Ана и Даниел прво ги ставија децата во автомобилот, а кога се увериле дека се е во ред со нив и дека се безбедни за возење, ги спакувале останатите работи и на крајот влегле во самите скапиот Мерцедес“ и се упатиле кон саканата дестинација.


Инаку, како што можете да видите на фотографиите, Ана изгледа како девојче, па сите коментираат дека изгледа подобро од било кога, а дека не и треба ни шминкa бидејќи природно е убава.

фото курир.рс

Следбениците ја пофалија Ана дека за кратко време ја вратила линијата а Ана изјавила дека не и било тешко бидејќи постојано ги брка децата.

фото инстаграм/ана севиќ

– За неполни две години родив две деца, а богами не сум ни млада. Сена има само една и пол година, а Симеон пет месеци, но вие запаѓате во таа одредена фаза и ништо не ви е тешко. Лорена е постара и одговорна, секогаш е тука да помогне – изјави Севиќ.

фото инстаграм/ана севиќ

Ана Севиќ доби часовник од 50.000 евра од сопругот Даниел Недељковиќ кога го роди синот во март годинава. Пејачката вели дека бизнисменот е нежен и внимателен од почетокот на нивната врска:

фото инстаграм/ана севиќ

– Од самиот почеток нашата љубов е посебна. Мојот сопруг секогаш се обидува да ме изненади!
Ана ужива во вториот брак, со бизнисменот Даниел Недељковиќ, со кој има две деца, ќерката Сена и синот Симеон, а од бракот со Дарко Лазиќ ја има најстарата наследничка Лорена.

фото инстаграм/ана севиќ

Таа одлично ја носеше бременоста и за кратко време го симна вишокот килограми, па ова лето гордо позира во бикини, а неодамна импресионираше со стомачните. Незнаеме дали е тоа поради добрата генетика или секојдневниот тренинг но она што е очигледно е дека Ана изгледа прекрасно и привлекува многу машки погледи.

фото инстаграм/Ана Севиќ
фото инстаграм/ана севиќ
фото инстаграм/Ана Севиќ
фото инстаграм/Ана Севиќ
фото инстаграм/ Ана Севиќ
фото инстаграм/ана севиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close