Дом и семејство
Синот на Саша Јоксимовиќ во животна опасност, актерот се обрати до сите на Фејсбук и побара помош!
Саша Јоксимовиќ потресен поради синот...
Тринаесетгодишниот Илија Јоксимовиќ, синот на Саша Јоксимовиќ, се нашол во животна опасност, кога негов врсник барал пари од него, а потоа му се заканил со метална шипка.
Се се случило во паркот Чубурац во близина на станот во кој живее актерот со семејството. Бидејќи наследникот му се пожалил и ја раскажал целата приказна, Саша решил да интервенира и да го побара момчето кое се обидело да го повреди синот. За жал, тоа што тој отишол во одбрана на својот син да поразговара со насилникот, не ја промени многу ситуацијата, па следниот ден Илија повторно се нашол во опасност.
Загрижен, всушност многу исплашен, актерот веднаш побарал помош, па ја споделил целата ситуација со своите следбеници на социјалните мрежи.
– Едно прашање син ми често си игра со другарите во паркот Чубурац. Пред седум дена беше нападнат од дете Ром, кое му се закануваше дека ќе го претепа со „боксови“… а јас веднаш отидов во Чубурац и го најдов со други мали Роми. Син ми го препозна, му приоѓам, му велам дај ми го тој бокс сега, а малиот Ром вели дека се шегувал и дека повеќе нема да се шегува така. Тоа е тоа, денеска повторно помина во Чубурац, син ми беше со другарите во паркот и малиот Ром со уште 30 други, се закануваше, бараше пари, повторно со боксови се закануваше, метални шипки… синот и другарите го напуштија паркот, но тој ,првиот Ром го следеше со метална шипка некое време. Сега, јас не сум расист, познавам многу Роми, но овие се проблематични. Може ли пак да одам во паркот, да му удрам шамар, да ја растерам бандата или е нелегално? Што да се прави? – напиша Јоксимовиќ, што предизвика низа од поделени коментари.
Да потсетиме, неодамна веста дека по 20 години брак се разведува Саша Јоксимовиќ ја разбранува јавноста.
Најчудно е тоа што актерот и неговата избраничка, продуцентката Невена Ранковиќ Јоксимовиќ, важеа за хармоничен пар.
Изјавата дека Саша и Невена повеќе не се заедно дојде по една скокотлива објава на актерот на „Инстаграм“.
Имено, тој игра во серијата „Игра на судбината“, а на својот профил објави фотографија со непозната девојка, а подолу напиша „Конечно слободен“, што ја скокотка фантазијата на фановите и предизвика сомнеж дека тој се разведува. Актерот не сакал за медиумите да ја коментира оваа вест а тоа уште повеќе ги подгреа сомнежите дека веста за разводот е вистина.
Бидејќи братот на Жељко Јоксимовиќ често е отсутен од дома, поради неговиот ангажман можно е тоа да биде една од причините, бидејќи далечината може да доведе до заладување во врската. Втората претпоставка се заснова на претходните изјави на Невена во врска со семејството на Саша.
Имено, продуцентката еднаш во една емисија изјавила дека нема помош од родителите на актерот, додека нејзината мајка и татко се секогаш тука за да и помогнат околу сите обврски.
– Родителите на Саша мислат дека кога ни треба помош за куќата и детето, ми помагаат мене- изјави тогаш Невена, која во една прилика откри дека не е во добри односи со братот на нејзиниот сопруг, ниту со неговата сопруга Јована Јоксимовиќ.