Кафе муабет
Синот на Драгана Мирковиќ го напушти семејниот дом- ова е причината, се објави на Инстаграм!
Замина во Белград да се одмори...
Фактот што неговата мајка е мегапопуларна ѕвезда е доволен Марко Бијелиќ, синот на Драгана Мирковиќ, со секој негов потег да привлече огромно внимание.
Иако до неодамна не беше експониран во јавноста и беше вистинска мистерија за припадниците на седмата сила, Марко полека излезе од таа сенка и покажа дел од неговата приватност а со се почестите објави на социјалните мрежи стави до знаење дека му се допаѓа популарноста.
Синот на Драгана Мирковиќ порасна во примерно младо момче кое образованието го става на прво место, а дека пристигнал во Белград малку да одмори, Марко се пофали на социјалните мрежи.
Имено, тој на својот Инстаграм објави стории од Белград а виден е и како поминува време на белградски сплав до раните утрински часови. Јасно е дека ниту децата на Драгана не се имуни на белградскиот ноќен живот, па секогаш кога им дозволуваат обврските, ги пакуваат куферите и доаѓаат од Виена во Србија.
Иако го живее животот од соништата, Марко никогаш не го истакнува тоа, а единствен показател за луксуз се скапите автомобили на кои е голем љубител, па затоа најголем дел од објавите на неговиот Инстаграм се со скапи автомобили.
Наследникот на Драгана, Марко Бјелиќ, неодамна ги изненади сите кога на своите следбеници им покажа дел од возниот парк во Австрија.
Имено, тој фотографирал скапи автомобили паркирани во гаражата, и буквално им го одзема здивот на обожавателите на четири тркала.
Марко се пофалил со џип „мерцедес“, ферари чија цена е над 200.000 евра и возило „КТН“ за кое требало да издвојат околу 100.000 евра.
Тоа е тоа“, напиша накратко Марко, кој очигледно сака возење и добри автомобили.
Потоа снимил приказна на Инстаграм како вози луксузен автомобил, а потоа и брод.
Многумина велат дека Марко изгледа како холивудски актер, но Драгана сега има уште една мака плус сите млади пејачки сакаат да го заведат нејзиниот син!
Како што објавија српските медиуми тој е опасен фраер во Виена и многу девојки лудуваат по него, но Марко сепак сака да ужива во тинејџерскиот живот!
Неодамна тој наполни 21 година, се запиша на Економски факултет, а хоби му е возење брзи автомобили.