Дом и семејство

Синот на Андрија Милошевиќ и Александра доби свое катче: Погледнете го малиот рај кој го подготвија за нивниот наследник

Актерите пресреќни уживаат со наследникот...

Синот на познатиот актерски пар Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ доби своја комплетно опремена соба.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Не се сомневавме дека наследникот на Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ ќе го има само најдоброто.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Најдобри колички, најдобра храна, најдобри пелени, козметика и кади и најдобар кревет за спиење.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Гордите родители се потрудија на своето малечко да му обезбедат еден од најновите системи за креветчиња за спиење, попознат во светот како „сну“, кој освен спиењето на малиот Реља го олеснува и спиењето на родителите, а помага и во смирување на бебето во периодот на колика кај бебињата, никнување на заби, немирни соништа, будење.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Тоа е механизам кој може да се прилагоди со копче, произведува еден вид звук како оној од стомакот на мама, вибрира или подобро кажано нежно се ниша, додека родителите се поврзани преку Bluetooth или интернет и можат да ги следат движењата на своето малечко.

фото инстаграм/Александра Томиќ

Синот на Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ неодамна ја испроба својата најнова лулка, актерската двојка беше воодушевена од неговата реакција.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Родителите се потрудиле да го опремат остатокот од неговата соба, а фотографијата направена во нивниот дом докажува дека малиот Реља го добил само најдоброто.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Го промени улогата на татко…

Актерот Андрија Милошевиќ и неговата долгогодишна партнерка, исто така актерка, Александра Томиќ, кон крајот на февруари се остварија во улога на родители.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Александра роди машко дете на кое му го дадоа името Реља.

ФОТО: Андрија Милошевиќ / Инстаграм

– Менувам пелени, јас сум татко, татко кој прави се што треба да направат татковците. Знам и правам се, Сандра и јас заедно“, изјави Андрија за Телеграф Џетсет.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Не е невообичаено мајката да го преземе најголемиот дел од грижата за детето, но Андрија смета дека сите обврски треба да бидат заеднички и целосно поделени.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

– Далеку сум од оној тип сега „мајката прави се, а ти ништо“. Не, мислам дека се треба да биде пола-пола, да помогнам, да биде вистинска приказна, не признавам поинаку, искрен е актерот.
Андрија посочува дека детето им донесе само добро во животот и дека тоа кај него разбудило поголема среќа.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

– Улогата на татко ме промени на подобро! Истиот сум како што бев, но сега имам уште повеќе причини да бидам среќен и да ја делам среќата со другите, тоа детето го прави. Тоа е генератор на нежност, изјави Андрија Милошевиќ.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Реља откако се роди е центар на светот за популарната двојка, која буквално не се одвојува од него.

фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close