Кафе муабет
Се шушкаше дека ја изневерувал и тепал Ана Кокиќ а сега конечно излезе на виделина причината за развод!
Тие се во добри односи...
Ватерполистот Никола Раѓен и пејачката Ана Кокиќ беа еден од најатрактивните парови на јавнатa сцена.
Пред три години како бомба одекна веста дека парот решил да стави крај по десет години брак, а причините за разводот се шпекулираат до ден денес.
-Сакаме да ве известиме дека после 10 години брак, решивме спогодбено да се разведеме. Заедно донесовме одлука да ставиме точка на нашиот брак. Во овој за нас деликатен момент, ве молиме да имате разбирање за нашата и приватноста на нашите деца. Ние, после се, ќе останеме во добри односи и заедно ќе ги воспитуваме нашите ќерки. За нашите кариери, исто како и досега, навреме ќе ве информираме и ќе бидеме отворени за соработка. Благодариме на разбирањето – напишаа тогаш Ана Кокиќ и Никола Раѓен.
Иако денеска и двајцата имаат само пофални зборови еден за друг, медиумите објавија дека Никола ја изневерил Ана, а во целата приказна е вмешано и насилство.
Познатиот ватерполист прозборе за својата поранешна сопруга во емисијата „Сценирање“ на ТВ Курир, изјавувајќи дека Ана е прекрасна мајка.
– Се разведовме спогодбено, сфативме дека не одиме во иста насока и се разведовме со заедничка согласност. Ана е прекрасна мајка и голем борец – вели Раѓен.
На прашањето на водителката Љиљана Станишиќ дали ја изневерувал или ја тепал Ана, Раѓен рече дека тоа не е вистина и дека медиумите шират лажни приказни.
-Потребни се двајца за љубов, но и за развод, така што вината е обострана – рекол Раѓен.
Ватерполистот се пошегува и дека кога повторно ќе се ожени, нема да вика трубачи.
– Верувам во брак, повторно би се оженил. Со Милица, мојата љубов е таква каква што ми се допаѓа. Ана и Милица се познаваат, се слушаат, ќе треба да ги прашате како комуницираат, јас не се мешам во тоа – вели Раѓен.
Наспроти Никола, Ана Кокиќ, веќе подолго време е без партнер и, како вели ужива во својата слобода.
Сега призна дека многу настапува, а покрај деловните обврски се грижи и за двете ќерки кои ги доби од бракот со Никола Раѓан.
Таа додала дека на ќерките повеќе не им е интересно да одат на настапи со неа, иако тоа понекогаш навистина би го сакала.
– Да сакаа да одат со мене, тоа би било одлично. Само се шегувам. Сега се во години кога претпочитаат да поминуваат време со своите пријатели, врсници, но претходните години каде што можев да ги носам ги носев. Сега имаат свои обврски, свои планови, па на мама сега и е малку досадно – вели Кокиќ на која и требаат само пет часа сон за да се одмори од напорен ден- вели пејачката која се опишува себеси како секоја обична жена домаќинка.
Кокиќ не крие дека презира одредени домашни работи, но барем има помош во тоа.
– Сестра ми е задолжена за слатките, а јас се грижам за децата, куќата и работата. Јас правам сè сама. Секако, има некои работи што не ги сакам, а тоа е чистење на домот. Страшно ме нервира и потоа ме прави нервозна. Секогаш кога треба да го сторам тоа, не ми се допаѓа. Кој сака да чисти, најдосадната работа на светот? Поминуваш со правосмукалка, чистиш и по половина час повторно има трошки – вели пејачката и истакнува дека е вешта во готвењето.
– Кога готвам нешто, чинијата се празни веднаш. Па тоа кажува како готвам. Постарите жени велат, никогаш не откривајте што знаете да правите за да не го правите тоа постојано.
Пејачката веќе подолго време е без партнер и, како што вели, поради тоа се чувствува подобро, но сака комплименти од двата пола.
– Не ми се допаѓаат комплиментите од мажи колку оние од жените. Затоа што кога маж ти дава комплимент, стануваш жена, а кога жена ти дава комплимент, стануваш нешто што и таа жена би сакала да биде, пример, идол, а тоа е нешто многу поубаво – Заклучува Ана за Блиц.