Кафе муабет

Се шушкаше дека се во врска: КОНЕЧНО се појави ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА НА ПЕЈАЧКАТА И ВИКТОР ЖИВОЈИНОВИЌ!

Со месеци се зборува дека се заедно...

По раскунувањето со русокосата убавица Сандра, веќе со месеци се шушка дека Виктор има нова девојка, убавата црнокоса, пејачката Лена Чолак.

Фото Инстаграм/Сандра Миљаковиќ
ФОТО: Инстаграм/Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

Сепак, до сега немаше заедничка фотографија од пејачката, која популарноста ја стекна со учеството во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ и синот на пејачката Лепа Брена.

Фото Инстаграм/Лена Чолак
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

Тоа се случи кога Лена јавно му го честиташе роденденот на Виктор со селфи фотографија која ја  направија на една прослава.

Фото Инстаграм/Лена Чолак

– Среќен роденден брате – напиша Чолак, а оваа честитка на својот Инстаграм профил ја сподели и самиот Живојиновиќ.

Фото Инстаграм/Лена Чолак

За потсетување, извори блиски до пејачката тврдат дека Лена наводно ја крие врската со Виктор и не објавува заеднички фотографии и снимки за да докаже дека не е со него само поради неговата популарност и присуство во медиумите.

Фото Инстаграм/Лена Чолак

– Во јули минатата година Виктор Живојиновиќ ја раскина двегодишната врска со манекенката Сандра Миљаковиќ и сакаше извесно време да биде сам. По неколку месеци му се случи нова љубов – вели близок пријател на Виктор и открива каде синот на Брена ја нашол својата нова девојка.

Фото Инстаграм/Лена Чолак

– Виктор и Лена се сретнаа неколку пати на заеднички приватни прослави, каде што беше ангажирана да пее. Веднаш му се допадна, но дури неодамна реши да и пријде и да и признае дека сака врска со неа. Лена му рекла дека и таа има симпатии кон него и така започна се …

Фото Инстаграм/Лена Чолак

На Виктор му се допаѓа колку е Лена амбициозна и спонтана, особено му е драго што кариерата не ја гради врз скандали. Не се надевал дека и таа ќе се појави на настанот на кој бил тој, па кога ја видел многу се израдувал – изјавил извор за „Стар“.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

И поранешната девојка на Виктор, Сандра продолжи понатаму! Како што дознава српски Информер, таа го преболела синот на Брена и сега е во среќна врска со фотографот Немања Новаковиќ.

Фото Инстаграм/Сандра Миљаковиќ

– Сандра и Немања се лудо заљубени и моментално се на првиот заеднички одмор во Мексико. Својата врска ја објавија на социјалните мрежи, каде секојдневно објавуваат заеднички фотографии – вели изворот.

ФОТО: Инстаграм/Сандра Миљаковиќ

Неодамна осамна и веста дека наводно браќата се скарале поради Сандра…

ФОТО: Инстаграм/Сандра Миљаковиќ

По приказната дека помладиот Живојиновиќ брзо ја заборавил оваа убавица и започнал врска со пејачката Лена Чолак, Сандра на Инстаграм веднаш објави фотографија со новото момче.

ФОТО: Инстаграм/Сандра Миљаковиќ

Нејзиното ново момче е познат фотограф и режисер на видео, кој работи на големи рекламни кампањи и соработува со голем број јавни личности, а постариот брат на Виктор, Стефан, со кого Немања соработувал и се дружел ги запознал Сандра и фотографот, и така се родила љубовта меѓу нив.

фото инстаграм/Лепа Брена

– Виктор Живојиновиќ се изненади кога виде кој е изборот на Сандра, особено откако беа објавени првите слики од Мексико. Тоа значи дека нивната врска трае веќе некое време, бидејќи по три дена запознавање нема да одат на другиот крај на светот. Виктор го прашал својот брат за што се работи, но факт е дека никој не ја принудил Сандра да стапи во контакт со пријател на Живојиновиќ, па во моментов сите се шокирани од нејзиниот избор. Лепа Брена му рекла на синот да не размислува за тоа и да си го живее својот живот а тој ја послушал и останал во добри односи со Сандра – вели изворот.

фото инстаграм/Лепа Брена

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close