Кафе муабет

Се шушкаше дека Брена била во врска со овој познат пејач: Се гледале тајно, се дружеле на јахта, ја опсипувал со подароци…

Никогаш не прозбореа за шпекулациите...

Иако денес се во долги и среќни бракови со своите партнери, Лепа Брена и Горан Бреговиќ се долго време заедно.

фото инстаграм/Лепа Брена

Ниту една од најголемите ѕвезди на Балканот, ниту фронтменот на Бјело дугме, никогаш не признале дека биле во врска, но затоа сите останати зборувале за нивната наводна врска.

фото инстаграм/Лепа Брена

Брена во својата долга кариера се здоби и со титулата секс симбол, а по неа лудуваа многу мажи, а таа наводно не му одолеа на популарниот Брега.

Фото Инстаграм/Лепа Брена

Во осумдесетите, нивните заеднички фотографии често беа објавувани во весниците, но беа направени  на исклучиво пријателска основа.

Фото Инстаграм/Лепа Брена

Неодамна се појави фотографија која Јутарњи лист ја добила од анонимен извор, за која тврди дека „ја потврдува тајната љубов на Лепа Брена и Горан Бреговиќ“.

фото Јутарни.хр

Во времето кога е направена оваа фотографија, Лепа Брена имаше 23 години, и беше во подем на кариерата, додека 34-годишниот Бреговиќ веќе беше голема ѕвезда.

Фото Инстаграм/Лепа Брена

Подоцна се пишуваше дека Брена е фатена на неговата јахта, набргу откако е направена оваа фотографија. Наводно, соседите на Брена додека живеела во Нови Сад рекле дека често ја гледале како ја посетува човек кој личи на Бреговиќ и кој секогаш доаѓал со полни раце цвеќе и подароци.

Фото: Инстаграм/ Горан Бреговиќ
Фото: Инстаграм/ Горан Бреговиќ

Без разлика дали имало нешто во минатото меѓу нив или не, Брена и Бреговиќ денес се во пријателски односи, а и двајцата уживаат во љубовта со долгогодишните партнери.

фото инстаграм/Лепа Брена

Брена во 1991 година се омажи за тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ, а две години подоцна Брега се ожени за неговата сопруга Џенана Суџука со која има три ќерки.


Тие се во брак 25 години.

Како настана Бјело Дугме!?

Бијело дугме е основен од Горан Бреговиќ којшто е роден во Сараево. Тој го минал поголемиот дел од своето детство во музичко училиште, учејќи да свири виолина, но од таму бил избркан заради недостаток на талент. Набрзо потоа, неговата мајка му купила гитара, и подоцна таа инвестиција се исплатила кога е формирано Бијело Дугме.

Фото: Инстаграм/ Горан Бреговиќ
Фото: Инстаграм/ Горан Бреговиќ

Горан Бреговиќ често пати признал дека негова главна мотивација за формирање на бендот била бидејќи “девојките повеќе ги сакале музичарите”. Бреговиќ е композитор на бендот и ги има напишано најголемиот број на текстови, иако некои од најпопуларните текстови на Бијело Дугме се напишани од други автори, на пример: „Има нека тајна веза“, „Главни јунак једне књиге“, „Шта би дао да си на мом месту“, „Пристао сам бичи све што хоче“ се напишани од Душко Трифуновиќ, „Да сам пекар“ и „Селма“ од Владо Дијак, „Лоше вино“ од Арсен Дедиќ и многу други.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close