Кафе муабет

,,СЕ ЧУВСТВУВАМ БЛАГОСЛОВЕНО ШТО ГО ПРОСЛАВУВАМ РОДЕНДЕНОТ СО НИВ’’ – Пејачката и докторка Симона Поповска славеше роденден

Симона Поповска: ,,Благословена сум со две мали момчиња покрај мене’’...

Убавата пејачка и докторка Симона Поповска важи за една од најшармантните дами кај нас.

     Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Симона и нејзиниот сопруг, Крис се венчаа во 2018 година, а веста дека е бремена не ја сподели со јавноста.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Тие една година претходно склучија граѓански брак, а на прославата што ја направија во ресторан убавата пејачка се појави во невестински фустан со потписот на младиот македонски дизајнер Златко Јовановски. Таа носеше дводелен модел со специјални материјали, украсен со природни бисери и рачно везени детали, со вел долг 3.50 метри.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Таа има завршено нижо музичко училиште и дека до ден денес свири виолина, а вели дека талентот за пеење го наследила од нејзината мајка.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Неодамна, пејачката и  една од најубавите дерматолози кај нас ги дувна свеќичките на роденденската торта и го прослави нејзиниот роденден.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Таа на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледа како дува во свеќичките поставени на тортата, а под фотографијата се редеа честитки од нејзините обожаватели и пријатели.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Пејачката според свеќичките го прослави нејзиниот 31 роденден, во прегратка на нејзините две синчиња.

„Се чувствувам неверојатно благословено што го славам мојот прв роденден не со едно, туку со две мали, прекрасни момчиња покрај менe. Секој момент со нив е скапоцен подарок и сум благодарна за љубовта и радоста што ми ја носат во животот. За уште една година исполнета со незаборавни заеднички спомени“, напиша пејачката во описот на фотографиите кои ги сподели со нејзините фанови.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Пејачката за роденденот одбра розева макаронс торта , свеќички со бројот 31, а заедно со своите синови беа облечени во бела боја која доминираше.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

За потсетување, пејачката во 2021 го доби првиот син, а вториот го роди во наредната, 2022.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Симона Поповска по професија е доктор-дерматолог, а пред да стапи во брак и да се оствари како мајка беше активна и на музичката сцена.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Таа подолго време настапуваше со диџеј Ерик Фокс, под името „Саунд месинџерс“.

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

 

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

    Фото:Инстаграм/Симона Поповска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close