Кафе муабет

Се трудиме да се дистанцираме и да бидеме нормални луѓе- Петар Грашо прв пат со детали за бременоста на Хана!

Го чекаат своето прво дете...

Хана Хуљиќ, девојката на Петар Грашо е во четвртиот месец од бременоста. Иако Грашо, но и семејството Хуљиќ не објавуваат многу околу среќни вести, јавноста никогаш не била толку заинтересирана за нивниот приватен живот.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

-Отсекогаш многу молчев, а за мене се пишуваше многу. Ќе останам доследен на тоа. Јас целосно го почитувам тоа и не сум ни најмалку лут. Ќе си останам верен засекогаш, а тоа е дека пристојно ќе го чувам приватниот живот, ќе се трудам да не ја замарам публиката со тоа, но подеднакво ќе ги почитувам медиумите и никогаш нема да се расправам со нив бидејќи некои работи им се интересни. Не можам да кажам дека медиумите во ниту еден момент беа неточни, само поради огромна желба и неинформираност почнаа да ги објавуваат се и сешто. Се трудиме да се дистанцираме, да си го живееме животот нормално, да си правиме ручеци кога не сме на пат и да бидеме нормални луѓе, заклучи Грашо.

фото инстаграм/Петар Грашо

Инаку Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа минатата година. Веднаш потоа медиумите објавија дека Петар е во врска со 15 години помладата ќерка на неговиот пријател Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ поради која и ја остави неговата партнерка со која беше во љубов 24 години.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Петар и Хана се пресреќни поради приновата…

31 годишната девојка на Петар Грашо е бремена и парот го очекува своето прво дете.
Приновата треба да пристигне на крајот на летото, а пред извесно време во медиумите беше обелоденета и информацијата дека парот планира венчавка која треба да се случи во март, кога и Грашо слави роденден.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Веста ја потврди и самата Хана откако почнаа да кружат гласини за породувањето.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

„Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“, изјави Хана за Јутарњи лист, наведувајќи дека е бремена околу 12 недели.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

На крајот на минатата година се шпекулираше дека парот планира свадба, а потоа се пишуваше дека Хана веќе знаела кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

“Ние сме многу среќни и задоволни. Така треба да биде. Со Хана ни е многу добро и среќни сме”, изјави неодамна пејачот во едно интервју.

Фото инстаграм/Петар Грашо

„Ние ги живееме нашите животи и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат спокојни“, додаде тој.

фото стори.рс
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Данијела му се обрати на своето неродено дете..

По раскинувањето на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, кој сега е во врска со 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ, многумина се сетија на интимното интервју кое пејачката го даде за хрватските медиуми, а кое сè уште ги тресе сите жени кои се борат за потомство.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Данијела беше во емотивна врска со Грашо 24 години и никогаш не криела дека се надевала на заеднички деца, што не се случило. Како што еднаш истакна, не и е лесно што медиумите, бидејќи е јавна личност, се занимаваат со оваа тема.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

-Мајчинството ми е доста тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш таквите наслови за моето неостварено мајчинство звучат и изгледаат толку едноставно, неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко. Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека ќе останеш засекогаш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да и кажам се од прво лице еднина – изјавила Даниела за Јутарњи пред неколку години.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Данијела, инаку, неодамна за магазинот ИН одговори како се чувствува по раскинувањето на толку долгата врска, која го одбележа половина нејзин живот.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Многу необично искуство, учам да летам. „Слобода“ е збор што многу го сакам и кој е повеќедимензионален. Мислам дека најважно е тоа чувство на слобода во нас самите.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Се стремев кон својата слобода во себе, што значи да бидам вистински верна на себе во сè“, рече Даниела, цитирајќи ја својата колешка. Кога погледнав преку моето рамо и погледнав во своето минато, едно од најтешките искуства ми донесе толку спектакуларно нови работи кои навистина никогаш не сонував да ги замислам и сонувам за себе…

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close