Кафе муабет
Се случи она што никој не го очекуваше: Рада и Харис ги изненадија сите, никогаш не биле посреќни
Повторно се заедно...
На големо се пишуваше и шпекулираше за раскинувањето на емотивната врска на Харис Берковиќ и Рада Манојловиќ а крајот на нивната врска го потврди и самата пејачка.
Иако се чинеше дека нивната врска дојде до крајот и повеќе нема што да се вложува во неа, сепак сега локалните медиуми шпекулираат дека парот решил да ја обнови долгогодишната романса.
– Се смирија Рада и Харис. Сите се пресреќни поради нив, бидејќи вистински се сакаат и не можат еден без друг. Љубовта победи, а сега сите ја очекуваат таа фамозна венчавка, а потоа и принова, се е во ред – открива извор близок до парот.
Пред неколку месеци се зборуваше за храхот на љубовната врска на славната двојка, што Рада го потврди на својот Инстаграм профил во октомври.
– Јас и Харис повеќе не сме заедно. Им благодарам на сите наши заеднички фан страни за поддршката и апсолутно му посакувам многу среќа во животот и кариерата. Нема да коментирам многу, како што не коментирав ниту за време на врската. Благодарам – напиша тогаш Рада на Инстаграм.
Вчера пак пејачот Ненад Манојловиќ, полубратот на Рада Манојловиќ, првпат отворено проговори за раскинувањето на неговата сестра со победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Харис Берковиќ и откри дека и самиот не бил сигурен дали се работи за врска или маркетиншки трик.
Имено, Ненад истакна дека не знае што се случува со нивната врска или дали некогаш биле заедно.
Тој истакнува дека можно е се да било само добра реклама а Рада и Харис никогаш да не биле во врска.
– Немам што да кажам што веќе не е кажано. Немам поим што се случува меѓу нив и дали воопшто нешто се случува или сето тоа беше маркетиншки трик. Ако се заедно, им посакувам многу среќа, но мислам дека не се. Ништо не може на сила ако не се наменети да бидат заедно. Ако не се, којзнае зошто е добро – рекол Ненад, кој признава дека никогаш не излегувал со Харис, но затоа редовно возат мотори заедно.
– Харис е прекрасно момче, го почитувам како лик. Секоја вечер сме во кафана, забавно ни е кога одиме на тура со мотор или слично. Го сретнав по неколку свирки неколку пати и видов дека е екстра личност и опуштен. Харис не е арогантен, тој е приземен тип и многу ми се допаѓа. Никогаш не можев да кажам лош збор за него, заврши Манојловиќ.
Се шпекулираше и дека само еден месец по раскинувањето со Рада, Харис си фатил нова девојка која била петнаесет години постара од него, но тој не се огласи по ова прашање. Што е вистина останува да видиме со текот на времето…