Кафе муабет
Се сеќавате на преслатка “буцка” Бојана Стаменов: Ослабна дури 73 килограми а сега објави фотографија со која ги шокираше сите
Вели дека сега ја нарекуваат "мачка" ...
Познатата српска пејачка Бојана Стаменов, која што го претставуваше нашиот сосед на Евровизија, многумина заради нејзиниот глас ја споредуваат со Адел.
Интересно е и тоа што Бојана исто како и Адел реши да им објави војна на вишокот килограми.
Сега фотографијата на Бојана Стаменов која пејачката ја објави пред неколку дена привлече големо внимание бидејќи потсетува на период од пред повеќе од дваесет години кога изгледаше многу поинаку од денес.
Како што можете да претпоставите, ова е периодот кога пејачката веќе имаше проблеми со вишокот килограми, а тоа не може да се спореди со изгледот кој денес го има Бојана Стаменов, која успеа да ослабне неверојатни 73 килограми.
Фотографијата на Бојана Стаменов, која самата пејачка ја објави, според неа датира од 2000 или 2001 година, а на неа се гледа како пејачката веќе ги правела првите чекори во светот на музиката.
– Некогаш – напишала пејачката, а коментарите почнаа да се редат, а најбројни беа оние со зборовите дека пејачката и тогаш била убава.
Секако, нејзината неодамнешна трансформација е едно од најголемите изненадувања на јавната сцена и еден од најголемите подвизи.
– Наеднаш колегите и пријателите почнаа да ми велат дека сега сум „мачка“, но сепак ми е смешно. Веројатно сега сум попривлечена, што знам. Но, јас никогаш не го правам првиот потег на полето на љубовта, мислам дека мажите се ловци кои први треба да и пријдат на една девојка, иако гледам дека денес тоа е многу променето. Не знам дали немаат храброст или жените се само многу подоминантни. Исто така, ми велат дека сум „алфа женка“, дека доминирам каде и да се појавам и дека мажите можеби се плашат да ми пријдат. Еве една порака за нив – сепак е послатко кога момчето и приоѓа на девојка отколку обратно и не плашете се бидејќи обично оние кои се најдоминантни се всушност и најнежните. Во основа сме мачки – изјави неодамна Бојана за „Стори“.
Пејачката пред некоја година искрено раскажа како се чувствува поради вишокот килограми. Срpската џез и блуз пејачка која ја претставуваше Србија на Евровизија во 2015 година, тогаш отворено проговори за проблемот со килограмите, и посебно за тоа со какви предрасуди се соочуваат дебелите луѓе .
-Постои најстрашна дискриминација на дебелите луѓе. Во кафулињата ставаат столчиња со потпирачи за рацете, што сакаат, да им седнат само згодни риби, а ние убавите и паметните немамо право да пиеме кафе? Во авионите прават плитки седишта, дури и висок и дебел човек не можат да седат, изјави тогаш Бојана.
-Дебелите жени имаат проблем да купат обичен градник, верувале или не, Ако си дебел, нема облекување по последна мода, бидејќи се што е за полни дами, доаѓа од Турција, па изгледаш како немажена баба-тетка која ја жали целото семејство.
Не можам да најдам ни адекватни обувки на високи потпетици, кои сакам да ги носам, изјави Бојана и додаде: За нас, обувките мора да бидат квалитетни, поцврсти, а јас сакам да бидат и стилски, рече Бојана за проблемите со кои се соочувала поради килограмите.