Кафе муабет

Се сеќавате на најзгодниот дедо: Доби ќерка со 27 години помладата партнерка па откри дека боледува од ретка болест- ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС НЕГОВАТА НАСЛЕДНИЧКА

Џанлука се покажа како грижлив татко...

Џанлука Ваки (54) пред две години на својот Инстаграм сподели среќни вест – неговата 27 години помлада избраничка Шерон Фонсека се породи и на овој свет го донесе нивното прво заедничко дете.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Познатиот Италијанец веста ја објави на својот Инстаграм, а го откри и необичното име на девојчето – Блу Јерусалема.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Џанлука Ваки инаку го доби епитетот најзгодниот дедо. Тој е многу популарен на Инстаграм а неговото богатство се проценува на 300 милиони долари, иако многумина тврдат дека е и 450 милиони.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Тој потекнува од богато италијанско семејство – неговиот татко бил сопственик на мултинационалната компанија Industria Maccine Automatiche, а самиот Џанлука бил член на одборот.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Инаку, Шарон е родена во Венецуела, но се школувала во Мајами. Се занимавала со манекенство, глума и новинарство. Таа има неколку милиони следбеници на Инстаграм.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Парот е во врска нешто повеќе од три години, а уживаат во луксузен живот, скапа облека и скапи патувања, а често објавуваат и видеа на кои танцуваат заедно. Токму тоа и го прослави овој Италијанец.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

По раѓањето на нивната ќерка, тие редовно објавуваат заеднички моменти, а 54-годишникот се покажал како неверојатно грижлив татко.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Во една прилика за шпанското списание „Hello!“ искрено проговори за раѓањето на ќеркичката и откри дека таа всушност се родила со болест која ја има едно од седумстотини бебиња во светот.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Ексцентричниот милионер, кој привлече внимание со својот луксузен начин на живот и неговата свршеница, која е скоро две децении помлада, добија ќерка пред две години.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

– Со многу љубов сакаме да ја споделиме приказната за раѓањето на нашата Блу Јерусалема. Пресреќни сме што конечно ја запознавте. Блу е родена со расцеп на непцето, а нашите срца беа со неа и другите семејства уште од првиот ден, кои се соочија со овој проблем. Станува збор за состојба со која се раѓа едно од седумстотини бебиња во светот – напиша грижливиот татко.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

– Благословени сме што зад нас има одличен медицински тим кој ќе и обезбеди на нашата ќерка соодветна грижа и операција, што ќе и овозможи да живее сосема нормално. Сепак, многу семејства немаат толку среќа, па затоа решивме да ја прошириме свеста на луѓето на овој начин и да поддржиме фондации кои им помагаат на луѓето кои се соочуваат со истиот проблем, напиша тогаш Џанлука во својата објава на Инстаграм.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Блу Јерусалема е слатко девојче, кое има неверојатна љубов и поддршка од нејзините родители, а нејзините татко и мајка ќе дадат се од себе за да создадат вистинска бајка од нејзиниот живот.

фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close