Кафе муабет
Се сеќавате на Антонија Шола? Беше во врска со синот на познат македонски политичар, денес ужива во љубовта со 10 години помладиот пејач
Не ја кријат љубовта...
Хрватската пејачка Антонија Шола проговори за подготовките за венчавката со своето 10 години помладо момче Марио Регеља, инаку пејач во бендот Љубавници.
– Мислам, немаме што да криеме. Веќе живееме на таков начин што сме лојални еден на друг, но сме доволно интуитивни. Чекаме да не понесе, па кога ќе не понесе ништо нема да криеме, започна таа во интервју за Стори.
-Кога бев помлада, секако фантазирав за брак. Потоа пробав и облеков многу венчаници и денес на саемот за венчавки дојдов во бел костум, нешто малку поразлично. Не сум за големи, традиционални прослави. На пример, повеќе би сакала да одам во Лас Вегас, Хаваи и да направам голема забава, откри таа.
Антонија Шола и Марио Регеља кон средината на 2021 година потврдија дека се во врска. „Некој како тебе“, напиша тогаш Антонија, на што Марио одговори: „Те сакам“.
Инаку за оние кои не знаат Антонија беше во врска со Александар Ружин – синот на македонскиот политичар Нано Ружин.
Имаше најразлични шпекулации за нивното разделување па Шола во една прилика за хрваткиот магазин „Стори“ раскажала:
“Некој да ви каже најмалку дваесет пати дека ќе ве убие доколку го оставите и дека ќе направи најголема драма на Балканот уб.ивајќи ме мене па себе, нормално дека нема да продолжите со него“.
Македонската публика ја запозна по дуетот со нашиот Тоше Проески “Волим осмех твој”.
Во продолжение уште неколку фотографии од Шола која е доказ дека годините се само бројка…