Бебе

Се роди со 350 грама, докторите му даваа нула шанси да преживее- еве како изгледа сега

Сега малиот херој го прослави својот прв роденден, и воедно стана најрано роденото бебе кое некогаш преживеало, според Гинисовата книга на рекорди...

Ричард е вистински мал борец кој е роден во петтиот месец од бременоста и беше најрано родено бебе што преживеало.

фото принтскрин
фото принтскрин

Тој беше роден со само половина килограм, но успеа да се избори за живот и да ги победи сите црни прогнози кои ги предвидуваа докторите.

Сега малиот херој го прослави својот прв роденден, и воедно стана најрано роденото бебе кое некогаш преживеало, според Гинисовата книга на рекорди.

фото принтскрин
фото принтскрин

Кога Ричард Скот Вилијам Хачинсон се роди во петтиот месеци од бременоста Гинис го регистрираше како најрано родено бебе во светот.

Ричард е роден во детска болница во Минесота, Минеаполис, откако неговата мајка Бет Хачинсон претрпе компликации кои предизвикаа предвремено породување.

Роден 131 дена пред предвидениот рок и тежок помалку од половина килограм, Ричард бил толку мал што неговите родители можеле да го држат во една дланка, стои запишано во Гинис.

– Кога неговите родители го добија Ричард, добија и советување што да очекуваат од бебе родено толку рано. Нашиот тим за неонатологија му даде нула проценти шанса да преживее – рече др. Стејси Керн, неонатолог на Ричард.

фото принтскрин
фото принтскрин

„Знаев дека првите неколку недели од животот на Ричард ќе бидат многу тешки, но чувствував дека ако успее да го помине тој период, ќе преживее“, рече Керн.

Поради пандемијата на коронавирус, родителите на Ричард не можеа да бидат со него во болницата, а ниту другите членови на неговото семејство не можеа да го посетат.

Така, родителите патувале секојдневно од нивниот дом во округот Сент Луис. Крок во државата Висконсин до Минеаполис.

фото принтскрин

– Се обидовме да бидеме таму за да го поддржиме – рече таткото на момчето и додаде: Мислам дека тоа му помогна да го помине овој период затоа што знаеше дека може да смета на нас.

фото принтскрин

Во декември 2020 година, откако помина повеќе од шест месеци во болница, Ричард можеше да си оди дома со своето семејство.

– Денот кога Ричард беше отпуштен од болницата беше толку посебен ден. „Се сеќавам дека го кревав од креветчето и имав насолзени очи“, рече Керн.

фото принтскрин

– Не можев да верувам дека тој е истото момче кое порано беше толку мало и за кое што се плашев дека можеби нема да преживее. Истото мало момче што ми стоеше на дланката, со кожа толку проѕирна што можев да го видам секое ребро и орган во неговото мало тело. Не можев да не го бакнам и да му кажам колку сум горд на него “, рече Керн.

фото принтскрин

На 5 јуни, среќното бебе го прослави својот прв роденден опкружен со семејството и нивните три кучиња.

„Ми се чини нереално“, рече мајката на момчето додаде: „Сè уште сме изненадени од него“. Но, ние сме среќни. Ќе ја споделиме неговата приказна со цел да ја подигнеме свеста за предвремено породување.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close