Дом и семејство
СЕ ПРЕПУШТИЈА НА СТРАСТИТЕ И ПОКАЖАА ПОВЕЌЕ ОД ШТО ТРЕБА: Таа во када, тој… (ФОТО)
Се смирија по семејната драма...
Фотографијата на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, која е направена пред нешто помалку од шест години и се уште се споделува на социјалните мрежи, ја открива најголемата интимност на една брачна двојка во која јавноста би сакала да ѕирне.
По таа објава на Карлеуша се крена вистинска бура на „Инстаграм“, а парот прослави десет години врска при создавањето на споменатата фотографија, ни помалку ни повеќе, на луксузна дестинација каде често престојуваат.
Имено, Душко и Јелена позираа, во можеби премногу, опуштено издание, додека престојуваа во Дубаи, во еден од најлуксузните хотели и ја заскокоткаа фантазијата на своите придружници на социјалните мрежи. Парот се препушти на уживањето а времето го помина многу опуштено во собата, прославувајќи важен датум за нивната врска.
Тајната на нивниот брак беше спонтано откриена на овој начин, бидејќи суштината е дека Душко и Јелена никогаш не дозволуваат да им згаснат страстите и емоциите, без разлика низ какви препреки поминуваат.
Иако во последно време не можевме да видиме вакви заеднички фотографии, се добива впечаток дека парот решил да ја задржи интимноста за себе, а многумина се надеваат дека повторно ќе ги видат во ова издание…
Уште една шанса на љубовта…
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ изминатиов период беа во центарот на вниманието, а по разни шпекулации беше откриено каде живее фудбалскиот менаџер.
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, по турбулентниот период и конфликт што се случи за Божиќ, успеаја да најдат заеднички јазик и, веројатно, да и дадат уште една шанса на нарушената врска.
Многумина посакаа крај на нивната љубовна приказна која трае цели 13 години, а сега конечно е откриено дали се се вратило во нормала.
Судејќи по фактот дека Јелена за Денот на вљубените на социјалните мрежи се пофали со розите кои ги добила, а многумина тоа го протолкуваа како гест на нејзиниот сопруг најверојатно парот е повторно заедно.
Исто така, откако му истече забраната на Душко за приближување кон сопругата, која траеше еден месец и по враќањето од Турција, екипата на емисијата „Папарацо лов“ „улови“ каде се движи поранешниот фудбалер и дали живее со сопругата и нивните ќерките Атина и Ника..
Имено, камерите на споменатата емисија го снимиле Душко пред семејниот дом како влегува во гаражата вечерта, а од тоа произлегува заклучокот дека тој се уште живее со сопругата Јелена Карлеуша.
Очигледно парот решил да поработи на несогласувањата, а Душко се враќа дома кај сопругата Јелена.
За потсетување, целата драма меѓу Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се случи откако поп дивата на Божиќ го пријавила сопругот за семејно насилство бидејќи наводно ја удрил.