Кафе муабет
Се породи ќерката на Весна Змијанац: Прва слика на Николија по напуштање на болницата!
Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ пред три дена добија уште една ќерка, а Николија денес ја напушти породилната болница...
Атрактивната убавица Николија Јовановиќ по втор пат стана мајка.
Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ пред три дена добија уште една ќерка, а Николија денес ја напушти породилната болница, пишува Блиц.рс.
Нејзиниот сопруг познатиот рапер, дошол во родилиштето за да ја земе својата сопруга и за медиумите изјави дека бебето и Николија се добро.
– Зборував со Николија. За мене ова е сè уште рано наутро, затоа сум вака, се гледаме. Фала му на Бога, и двете се добри – рече среќниот татко.
Инаку парот веќе ја има ќеркичката Реа, но Николија ретко споделува слики од својот приватен живот, за разлика од своите колешки.
Николија во едно интервју раскажа дека таа не е типична жена и не знае како таа и Реља би функционирале доколку не се пејачи туку имаат некоја сосема друга професија.
Таа призна дека како и секоја двојка и тие имаа проблеми во заедничкиот живот:
-Потребна е многу љубов и труд за да може врската да опстане. Треба да се прават компромиси, и ние тоа го правиме во нашата заедница, вели Николија.
Инаку нејзина мајка е познатата пејачка Весна Змијанац, а таткото на Николија, Владимир Јовановиќ е доктор по економски науки и не ја поднесува естрадата.
Татко ми е „алергичен“ на сè што има врска со шоубизнисот, од времето кога тој беше со мајка ми. Тој, како доктор на науки, ме советуваше да не се занимавам со пеење“ – ќе изјави еднаш Николија.