Кафе муабет
СЕ ПОРОДИ “ЅВЕЗДАТА НА ГРАНД”: Гордиот татко пресреќен за приновата ја објави првата фотографија- честитки пристигнуваат од сите страни!
Добија ќерка...
Пејачката Катарина Нина Јовановиќ, некогашната учесничка на музичкиот натпревар на Звездите на Гранд, стана мајка!
Имено, убавата Нина убавата вест ја соопшти на својот Инстаграм профил и објави дека роди ќерка, а набрзо потоа следуваа честитки од пријателите.
Таа ја фотографираше само раката на новороденото бебенце, а ја сподели нејзиниот избраник и гордиот татко, Филип:
„Добредојде, ќерка ми“, напиша тој во описот на оваа фотографија што го топи срцето!
Инаку Нина и Филип пред речиси еден месец го изговорија судбоносното „ДА“ , а сега го добија своето прво дете.
Венчавката се одржа во кругот на семејството и најблиските пријатли, поради ситуацијата со коронавирусот и строгите мерки, па пејачката од Ниш и нејзиниот избраник организирале скромна венчавка, а убавата Нина наместо венчаница, заблеска во цветна тоалета.
За потсетување, Нина пред три години се престави со учеството во „Гранд ѕвездите“, а тоа што е интересно е дека по финалето ја сними песната „Бидермаер“.
Инаку Нина важеше за една од најатрактивните натпреварувачки во Ѕвездите на Гранд, па постојано од жирито добиваше пофални зборови за својот изглед.
Во продолжение уште неколку фотки од атрактивната русокоса…